18.12.2014

EFSE заемот за ХАЛКБАНК го олеснува пристапот до кредити за микро и мали претпријатија и македонските домаќинства со ниски приходи

Нова долгорочна кредитна линија од 10 милиони евра  ќе обезбеди финансирање на микро и малите претпријатија, како и финансирање за подобрување на домувањето

Франкфурт и Скопје , 18.12.2014 – 

Европскиот фонд за Југоситочна Европа ( EFSE) додели заем од 10 милиони евра на Халк Банк АД Скопје (Халк Банк) за поддршка на  секторот за домување како и за поддршка на микро и малите претпријатија (ММП) во Македонија.

Кредитот ја зајакнува способноста на Халк Банк да понуди соодветно структурирани кредитни производи за домување, наменети за  население, како и да обезбеди долгорочни инвестициски кредити кои ќе ги задоволат финансиските потреби на микро и малите  претпријатија. Соработката помеѓу Халк Банк и EFSE датира уште од 2006 година; во тоа време Фондот обезбеди финансиски средства за кредитирање на домаќинства со ниски приходи, како и микро и мали претпријатија, и ја поддржа стратешката насоченост на Халк Банк кон овие сегменти од пазарот.

 „Халк Банк се покажа како сигурен партнер во текот на годините и ѐ многу ефикасна во канализирање на финансирањето предвидено за поддршка на целните групи на  EFSE“- вели Моника Бек, претседател на Управниот одбор на  EFSE. „Ние се надеваме дека и понатаму ќе продолжи оваа плодна соработка во корист на микро и малите претпријатија и домаќинствата со ниски приходи во Македонија“.

„Ние сме среќни што го зајакнуваме нашето партнерство со EFSE што пак ќе резултира со  зголемување на вредноста на микро и малите претпријатија како и на домаќинствата со ниски приходи во Македонија. Високата стапка на искористеност на ова финансирање, исто така, укажува на потребата од вакви заеми“ вели Неџдет Палакчи, извршен директор на Халк Банк АД Скопје. „EFSE и Халк Банк прават огромни разлики помагајќи им на микро и малите претпријатија како и на домаќинствата со ниски примања во Македонија, а истовремено придонесувајќи за развој на македонската економија“

За Европскиот фонд на Југоисточна Европа

Европскиот фонд на Југоисточна Европа (EFSE) е основан од КfW Банка за развој со финансиска поддршка од Германското федерално министерство за економска соработка и Развој (БМЗ) и Европската Комисија. Целта е да се зајакне економскиот развој и економската состојба во Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Косово, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Украина и Турција. Со оглед дека пристапот до финансиите е клучен фактор за успех во развојот на микро, мали и средни претпријатија, EFSE се фокусира на помагање на локалните финансиски сектори во зајакнување на нивната способност за обезбедување на соодветно и континуирано финансирање. Финансирањето на EFSE, кое предвидува долгорочно финансирање првенствено за микро и мали претпријатија (ММП) - но исто така и за приватните домаќинства во вид на кредити за подобрување на домувањето – се канализира до корисниците на овие кредити преку локалните партнерски кредитни институции.

Поддршката на инвестициските активности на EFSE се одвива преку  EFSE производот за развој што на партнерските кредитни институции им нуди техничка помош, услуги за консултации и обука со цел создавање оперативни капацитети и професионален менаџмент.

Основан од KfW Банката за развој на 15 декември 2005 година од четирите мултидонаторски програми под свое управување,  EFSE е првото јавно приватно партнерство од овој вид и претставува прв приватно управуван фонд во развојните финансии за поттик на приватно финансирање на микро и малите претпријатија во целниот регион. Капиталот е обезбеден од донаторски агенции, меѓународни финансиски институции и приватни институционални инвеститори, вклучително и Германското федеративно министерство за економска Соработка и Развој (BMZ), Европската Комисија (ЕС), Владата на Албанија, Кредитната поддршка за мали и средни претпријатија (SMBCS), подружница на Централната банка на Ерменија, Банката за развој на Австрија (Oesterreichische Entwicklungsbank - OeEB), Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Данската меѓународна агенција за развој (Danida), KfW како водечки инвеститор, Меѓународната финансиска корпорација (IFC), Холандската компанија за финансии (FMО), Европската банка за обнова и развој (EBRD), Европската инвестициска банка (EIB), Сал. Опенхеим (Sal. Oppenheim) и Дојче Банк (Deutsche Bank).

Oppenheim Asset Management Services S.à r.l., Luxembourg е менаџер на фондот на EFSE, додека пак Finance in Motion GmbH, Германија е советник на  фондот на EFSE.

За повеќе информации за Европскиот фонд за Југоисточна Европа,  Ве молиме посетете ја страната: http://www.efse.lu/

За Халк Банк

ХАЛКБАНК АД Скопје поставува повисоки стандарди за брзи и квалитетни финансиски услуги на македонскиот пазар преку спроведување иновативни процеси во бизнисот. Со 30 филијали во Македонија, претставништво во Белград, Србија и кореспондентни врски со 404 банки и сметки во 16 странски банки, ХАЛКБАНК има широка национална и меѓународна мрежа.

ХАЛКБАНК АД, Скопје, која според стандардите на НБРМ е средна по големина банка, ужива репутација како доверлива, ориентирана кон потрошувачите, иновативна и динамична банка на македонскиот пазар.

ХАЛКБАНК е исто така, општествено и еколошки одговорна институција и од нејзините почетоци во Македонија, Банката непрекинато го поддржува развојот на животната средина и нејзината заштита, како и развојот на многу социјални сегменти, како и спортот и културата. Во поглед на обезбедувањето на средства за долгорочно кредитирање, Банката има воспоставено долгорочен однос со меѓународните финансиски институции кој резултира со огромен придонес кон развојот на македонската економија.

Во 2013 година ХАЛКБАНК покажа континуитет во поддршката на компаниите и граѓаните, запазувајќи го високото ниво на квалитет на понудените услуги. Кредитното портфолио на Банката покажа зголемување од 147,4 милиони евра на 221,4 милиони евра или нето раст од повеќе од 50%, додека, истата година кредитирањето во вкупниот банкарски сектор забележа нето зголемување од 213 милиони евра каде ХАЛКБАНК имаше водечки удел од 34% од вкупното нето зголемување на кредитите во банкарскиот сектор со дополнителни 74 милиони евра исплатени кредити на македонските компании и граѓани.

За повеќе информации, посетете ја страната:

http://www.halkbank.com.mk/home.nspx

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.