18.12.2014

GGF ЈА ЗАЦВРСТУВА СОРАБОТКАТА СО ХАЛКБАНК ВО МАКЕДОНИЈА СО ВТОР ЗАЕМ ОД 10 МИЛИОНИ ЕУР

  • GGF ја проширува успешната соработка со Халкбанк АД Скопје преку дополнителен заем од 10 милиони евра за финансирање на проекти за енергетска ефикасност во Македонија
  • Проектите што ќе бидат финансирани се предвидува да доведат до годишна енергетска заштеда од 44,290 MWh и намалување на СО2 емисиите од 13,770 тони на годишно ниво

Луксембург и Скопје, 18.12.2014. Успешната соработка меѓу Green for Growth Fund, Југоисточна Европа (GGF) и Халк Банк АД Скопје (Халкбанк)  придонесе за склучување на договор за втор голем кредит во износ од 10 милиони евра. Кредитот обезбеден од GGF и овозможува на Халкбанк – преку своите Еко-кредитни производи – зголемување на опсегот и обемот на финансирање  на проектите за енергетска ефикасност (ЕЕ), какви што се   замената на енергетски неефикасните системи за снабдување со топлина и надградувањето на надворешната ѕидна и покривна инсталација, системите за греење и осветлување и останати уреди. Кредитните производи за ЕЕ кои се насочени кон деловните клиенти вклучуваат и замена и/или надградување на енергетски неефикасната производна опрема и останатиот дел од опремата кој се користи во текот на производните процеси. Кредитот од GFF, исто така, ќе го олесни и пристапот до кредити во руралните области и ќе овозможи замена и модернизирање на застарената опрема за земјоделство.

Халкбанк е водечки еко првенец на македонскиот пазар кој ги започна своите активности за кредитирање на енергетски ефикасни проекти во 2010 година, по добивањето на првиот кредит од GGF. Со поддршка од GGF , Халкбанк разви специфични ЕЕ кредитни производи (Еко кредити) за физички и правни лица  и спроведе одржлива продажна и маркетинг стратегија за ЕЕ кредитирање. Како резултат на тоа, Халкбанк изгради мошне силен бизнис во согласност со финансиските цели на GGF за зелен (еко) развој, целосно искористувајќи го првиот заем од GGF.

“Задоволство ни е што го зацврстуваме нашето партнерство со Халкбанк со втор кредит за финансирање на енергетски ефикасни проекти. Големата стапка на искористеност ја покажува потребата од таквите кредити и ја цениме проактивноста на Халк Банк во одржувањето на динамиката за финансирање на одличните Еко кредити“ изјави Кристофер Нолс, претседател на Фондот „Green for Growth“- Југоисточна Европа. „Со овој нов спектар на наменски  кредитни производи, Халкбанк ја истакнува поддршката на своите клиенти, физички и правни лица,  со цел подобрување на нивната енергетска ефикасност на одржлив начин“.

„Со овој втор кредит, уште еднаш се потврдува силната соработка меѓу Халк Банк АД Скопје и GGF. Новиот кредит ни овозможува на македонскиот пазар да понудиме  кредити со оптимални услови, со кои ќе се поттикнат инвестициите во енергетски и еко-одговорни системи за животната средина, за станбените и комерцијалните објекти во Македонија“, изјави Неџдет Палакчи, Извршен директор на Халкбанк АД Скопје. „Без разлика дали се работи за лични или деловни потреби, користа од овие кредитни производи со ниски каматни стапки ќе доведе до пониски енергетски и оперативни трошоци. Задоволство ни е што имаме толку сериозен и доверлив партнер за оваа  цел, партнер како што е GGF“.

ЗА GREEN FOR GROWTH FUND, SOUTHEAST EUROPE (GGF)

Фондот Green for Growth, Southeast Europe (GGF) е посветен на подобрување на енергетската ефикасност и поттикнување на употребата на обновливите енергетски извори во Југоисточна Европа, вклучувајќи ја тука Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Косово*, Црна Гора, Србија и Турција, како и блискиот источно - европски регион составен од Ерменија, Азербејџан, Грузија, Молдавија и Украина. GGF нуди финансирање на финансиските институции, со цел да обезбеди понатамошно кредитирање на претпријатија и приватни домаќинства кои сакаат да финансираат проекти за енергетска ефикасност. GGF исто така, директно инвестира во мали до средни проекти за обновлива енергија. За да го максимизира влијанието на инвестициските активности на фондот, одделот за техничка поддршка на GGF нуди поддршка на финансиските институции и партнери за јакнење на капацитетите . GGF беше основан како јавно-приватно партнерство во декември 2009 година од страна на КfW Банката за развој и Европската инвестициска банка (EIB) со финансиска поддршка од Европската комисија (ЕС), Германското федеративно министерство за економска соработка и развој (BMZ) и Европската банка за обнова и развој (EBRD). Растечката база на посветени инвеститори се состои од донаторски агенции, меѓународни финансиски институции и приватни институционални инвеститори како што се: Меѓународната финансиска корпорација (IFC), Холандската компанија за финансии (FMО) и Банката за развој на Австрија (OeEB). GGF според законот на Луксембург е SICAV (компанија за инвестиции со варијабилен капитал), е управуван од страна на Oppenheim Asset Management Services S.àr.l., Luxembourg, во согласност со  советникот  на фондот, Finance in Motion GmbH, Frankfurt/Main, Germany, и техничкиот советник, MACS Management & Consulting Services GmbH, Frankfurt/Main, Germany. За повеќе информации: www.ggf.lu

*Ова именување не ги нарушува позициите и статусот и се во согласност со UNSC 1244 и мислењето од МСП за Декларацијата за независност на Косово.

ЗА ХАЛК БАНК АД СКОПЈЕ

Халк Банк АД Скопје претставува банка која го иницираше развојот на брзи и квалитетни услуги на македонскиот пазар преку спроведување на иновативни процеси во своето работење. Банката има широка национална мрежа составена од 30 оперативни филијали во Македонија, претставништво во Белград, Србија, како имеѓународна мрежа од кореспондентни врски со 404 банки, и со сметки во 16 странски банки.

ХАЛКБАНК според стандардите на НБРМ е средна по големина банка, ужива значителна репутација и ѐ признаена како доверлива, општествено одговорна, иновативна и растечка банка, ориентирана кон клиентите на македонскиот пазар.

Имиџот на банката е збогатен со фактот што ХАЛКБАНК е општествено и еколошки одговорна институција. Во текот на целото свое постоење на македонскиот пазар, ХАЛКБАНК постојано дава своја поддршка за развој и заштита на животната средина, но и на многу општествени сегменти, како културата и спортот.

Покрај горенаведеното, Банката ужива кредибилитет и рејтинг кај меѓународните финансиски институции,  обезбедувајќи долгорочни средства за развој на македонската економија.

Во 2013 година ХАЛК БАНК покажа континуитет во поддршката на компаниите и граѓаните, одржувајќи го високото ниво на квалитет на понудените услуги. Кредитното портфолио на Банката покажа зголемување од 147,4 милиони евра на 221,4 милиони евра или нето раст од повеќе од 50%.

Истата година, кредитирањето во вкупниот банкарски сектор забележа нето зголемување од 213 милиони евра каде ХАЛКБАНК имаше водечки удел од 34% од вкупното нето зголемување на кредитите во банкарскиот сектор со дополнителни 74 милиони евра исплатени кредити на македонските компании и граѓани.

За повеќе информации посетете ја страната:

http://www.halkbank.com.mk/home.nspx

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.