22.12.2014

Халкбанк АД Скопје ја воведе можноста за поврзување со ЕРП системите на своите клиенти

Особена чест и задоволство ни преставува да Ве известиме за уште една иновативност која е воведена од наша страна.

Имено, станува збор за можноста која ја нудиме за директно поврзување на Вашиот ERP систем со Банката, која ги овозможува следниве предности:

  1. 1.Целосна автоматизираност на плаќањата во реално време во денари или во странска валута, без да имате потреба од контактирање со Банката за проверка дали трансакцијата е извршена или имате прилив на Вашата сметка.

  2. 2.Елиминирање на фактор от - човечки ризик, сите авторизирања на плаќањата и контроли се прават само еднаш во Вашиот ERP систем, се друго е транспарентно за  Вас.

  3. 3.Ги  намалува трошоците за процесирање, како и потребата за доаѓање во Банката за извршување на трансакции или рачно пополнување на налогот на интернет банкарскиот систем. 

  4. 4.Му  овозможува на клиентот целосно да го автоматизира сопствениот сметководствен систем.

  5. 5.Решението е базирано на дигитални сертификати и мерки за контрола кои ја гарантираат безбедноста во комуникацијата и имплементирањето на безбедна енкрипција на податоците.

Ќе ни биде од особена чест и задоволство да извршиме презентација на услугата на Вашите стручни служби и одговорни лица. Презентацијата би била поддржана од  страна страна на Секторот за маркетинг и Дирекцијата за ИСТП на ХАЛКБАНК АД Скопје

Во очекување на позитивен одговор. 

Искрено Ваша,
ХАЛКБАНК АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.