25.02.2015

Денови на кариера при Интернационалниот Балкански Универзитет – Скопје

На 24ти февруари Халкбанк АД Скопје присуствуваше на третата сесија на проектот "ИБУ Денови на кариера" во М6 Едукативниот центар.

Нашата посета беше организирана во програма сочинета од два сегмента.

На самиот старт беше одржана презентација и предавање од страна на нашиот Главен Извршен Директор, г-дин Неџдет Палакчи, додека вториот дел претставуваше работилница на интеракција и интервјуа во координација на нашиот оддел за Човечки ресурси, организација и обука.

Во првиот дел од настанот, г-дин Неџдет Палакчи пред менаџментот и студентите на ИБУ одржа кратко предавање за финансискиот и банкарскиот сектор во Македонија, опис на корпоративниот профил на Халкбанк АД Скопје и Халкбанк Турција и истакна карактеристики и вредности кои еден кандидат треба да ги поседува, со цел стане дел од Халкбанк фамилијата. Презентацијата беше особено мотивациска, многу интересна и корисна за студентите.

На крајот од презентацијата, Ректорот на ИБУ, Д-р Шинаси Ѓундуз му врачи плакета на г-дин Палакчи во знак на благодарност за придонесот на Халкбанк кон имплементацијата на овој проект.

Во вториот дел на проектот, г-дин Палакчи и колегите од одделот за Човечки ресурси, организација и обука, поттикнаа интерактивни групни дискусии, со студентите кои беа заинтересирани за практикантска работа и вработување во Халкбанк. Студентите го споделија нивното работно искуство, прегледани беа поголем број на биографии и беа информирани дека најдобрите кандидати ќе бидат земени во предвид за практикантска работа и можности за работа на Халкбанк.

Copyright 2018 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.