09.10.2015

Нов и модерен коцепт на банкарско работење- свечено отварање на филијала Плоштад на ХАЛКБАНК во СКОПЈЕ

На 09 октомври, петок, во 14.00 часот, Халкбанк АД Скопје свечено ја отвори својата филијала Плоштад, во строгиот центар на Скопје.

Новата филијала на Халкбанк се наоѓа на ул. „Максим Горки“, на плоштадот Македонија во Скопје.

На македонскиот пазар ХАЛКБАНК А.Д. Скопје стана претпознатлива по тоа што нуди постојана економска и општествена поддршка, а истовремено и по тоа што воведува иновативни производи и решенија. Во насока на иновативноста и следењето на најсовремените трендови, Филијала Плоштад претставува нов концепт на банкарско работење кој нуди отворен пристап преку иновативен внатрешен дизајн со современи дигитални зони, овозможувајќи им на клиентите лична достапност до сите услуги на Банката.

Карактеристично за оваа филијала е фокусот на олеснување на комуникацијата со клиентите и брз одговор на нивните барања преку користење на современата технологија.

Истовремено, со официјалното отворање на оваа филијала, Халкбанк воведува и нова платформа за е-банкарство која ќе обезбеди подобро, поквалитетно и побогато искуство во личното банкарство на клиентите. Сите функции и предности на новото Електронско Банкарство ќе бидат континуирано претставувани и објаснувани од страна на персоналот во Филијалата Плоштад.

За опслужување на клиентите во целост, поставените банкомати во филијалата нудат можност за исплати и уплати 24 часа , 7 дена во неделата.

Во филијалата ќе бидат достапни и сите производи и услуги на Банката (штедни влогови, платен промет во земјата и во странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање VISA, MasterCard, Maestro и PayPass платежни картички и др.), ќе се презентираат сите новини кои истата постојано ги воведува на пазарот и пред сè, ќе се градат блиски и квалитетни релации со клиентите.

Со почит,
Халкбанк АД Скопје

Copyright 2018 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.