26.11.2015

РЕНОВИРАНА ФИЛИЈАЛА НА ХАЛК БАНК ВО ГЕВГЕЛИЈА

На 18 ноември  во 13 часот во Гевгелија се одржа свеченото отварање на реновираната филијала на Халк Банк АД Скопје.

На отварањето беа присутни главниот советник за трговски односи при Амбасадата на Р. Турција во Скопје , г-дин Бунјамин Кутлу, претседателот на Советот на  Општина Гевгелија г-дин Драги Хаџи Николов , претставници  на бизнис заедницата и важни клиенти за Халк Банк.

Отварањето започна со свеченото обраќање на Главниот Извршен Директор на Халк Банк             АД Скопје, г-дин Неџдет Палакчи, а по него и претседателот на Советот на Општина Гевгелија,  г-дин Драги Хаџи Николов  им се обрати на присутните гости. По свеченото сечење на црвената лента, присутните уживаа во одличната атмосфера која го поврзува модерниот концепт на работење со традицијата и историјата.

Самиот изглед на филијалата е автентичен спој на модерното и традиционалното, што ја прави поразлична од другите филијали на Халк Банк АД Скопје. Филијалата во Гевгелија е опремена со најсовремена технологија со цел да се следат трендовите во нудењето на банкарските услуги. Од друга страна со надворешниот изглед на филијалата е задржан дел од традицијата, а во самата филијала е изложен сеф со историска вредност, изработен во Виена , во 19-тиот век, кој е вистински украс на просторот во филијалата.

Халк Банк со реновирањето и модернизирањето на оваа филијала продолжува да работи во согласност со својата стратегија, насоченост кон новости и современи достигнувања кои се имплементираат во работењето на веќе постоечките филијали.

Copyright 2018 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.