03.07.2015

Халкбанк АД Скопје се вклучи во процесот на замена на постојните и издавање на нови транзитни царински гаранции

Благодарение на успешната соработка во рамки на развиената мрежа на коресподентни банки, Халкбанк АД Скопје ги исполни неопходните услови за воспоставување агенти во сите земји членки на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и е подготвена за замена на постојните и издавање нови транзитни царинскии гаранции согласно условите пропишани во Конвенцијата. 

Банката ги направи сите  неопходни промени  во обрасците на банкарските гаранции кои ги издава . Истите, покрај на национално ниво, сега се важечки во сите земји членки на ЕУ и, по избор, во земјите на ЕФТА и Турција.

Од 1 јули 2015 година Република Македонија стана полноправна членка на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка, со што претставува прва од земјите од Западен Балкан кои ќе се приклучат кон оваа Конвенција и целосно ќе се интегрираат во делот за транзитот на стоки со сите земји членки на ЕУ, ЕФТА и Турција. 

Со пристапувањето кон оваа Конвенција се овозможува полесно и побрзо движење на стоката, без застој на граничните премини и без поднесување посебни царински документи во секоја попатна земја.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.