16.09.2015

Халкбанк и Рамстор достапни и во Кичево

На 18 септември, петок, во 11.00 часот, Халкбанк АД Скопје и Рамстор, со заедничка церемонија, свечено ќе ги отворат своите нови локации во Кичево.

Новата филијала на Халкбанк и новиот маркет од ланецот на Рамстор-маркети се наоѓаат на ул. „Булевар ослободување“ во Кичево.

Со својата присутност во градот, и двете компании се приближуваат до потребите на граѓаните на Кичево, овозможувајќи им квалитетна и широка понуда на своите услуги и производи. 

Рамстор, преку својот 19. маркет, на продажен простор од 540 м2, со 16 вработени и 3 наплатни каси ќе го нуди широкиот асортиман од голем број трговски групи, со преку 12.000 производи  неопходни за потрошувачите, свежо овошје и зеленчук и пакувано свежо месо. Потрошувачите ќе може да ги користат многубројните акции и промоции на производи,  како и во сите супермаркети на Рамстор. Маркетот содржи големо портофлио на производи со висок квалитет и голем  избор. 

ХАЛКБАНК А.Д. Скопје, преку својата 33. филијала, ќе овозможи лесна и поедноставна комуникација со своите постоечки клиенти, како и можност за квалитетно опслужување на новите клиенти од регионот на Кичево.

Во филијалата ќе бидат достапни сите производи и услуги на Банката (штедни влогови, платен промет во земјата и во странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање VISA, MasterCard, Maestro и PayPass платежни картички и др.), ќе се презентираат сите новини кои истата постојано ги воведува на пазарот и пред сè, ќе се градат блиски и квалитетни релации со клиентите и бизнис-партнерите од регионот.

На свеченоста по повод пристигањето на овие две компании во градот, покрај останатите гости, ќе присуствува и градоначалникот на Кичево. 

Copyright 2018 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.