17.06.2015

ХАЛКБАНК ВИ ПОСАКУВА ДОБРЕДОЈДЕ ВО НОВИТЕ ФИЛИЈАЛИ

На поволни локации во општина Кавадарци и во општина Чаир, беа свечено отворени новите филијали на ХАЛКБАНК А.Д. Скопје. Ова претставува уште еден успешен чекор на Банката која продолжува да ја зголемува својата присутност и достапност, со цел континуирано и квалитетно да одговори на секојдневните банкарски потреби на граѓаните и на стопанството.

Преку овие филијали Банката ќе овозможи полесна и поедноставна комуникација со своите постоечки клиенти, како и можност за квалитетно опслужување на нови, потенцијални клиенти.

На свеченостите по повод отворањето на филијалите пред присутните се обрати Главниот Извршен Директор на Банката, г. Неџдет Палакчи. Тој вети дека овој тренд на раст и зголемена достапност на Банката ќе продолжи и во иднина, истакнувајќи ги плановите за отворање на нови филијали во земјата, но и за проширување и модернизирање на веќе постоечките филијали.

На официјалното отворање на првата Халкбанк филијала во Кавадарци, на 16 Јуни, присуствуваше и г-дин Александар Панов – градоначалник на градот кој го искажа својот позитивен став за пристигнувањето на Халкбанк во Кавадарци. Церемонијата беше споделена и со многу ценети деловни клиенти на Банката.

Еден ден подоцна, на 17 Јуни, официјално се отвори и Филијалата во општина Чаир, која  всушност е модернизирана и проширена верзија на постоечката филијала во истата општина. Ова отворање претставува само предвесник за усовршувањата во работата и зголемување на непосредноста со клиентите што Халкбанк АД Скопје ги најавува. 

На настанот беше присутен и амбасадорот на Р. Турција во Македонија г-дин Омур Шолендил како и градоначалникот на општина Чаир г-дин Изет Меџити.

И во двете нови филијали ќе бидат достапни сите производи и услуги на ХАЛКБАНК А.Д. Скопје (штедни влогови, платен промет во земјата и во странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање VISA, MasterCard, Maestro и Pay Pass платежни картички и др.), ќе се презентираат сите новини кои Банката постојано ги воведува на пазарот, и пред сè, ќе се градат блиски и квалитетни релации со сите постоечки и нови клиенти.

Дирекција за односи со јавност
ХАЛКБАНК А.Д. Скопје

Copyright 2018 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.