21.09.2015

Халкбанк АД Скопје воведе нова Visa Business дебитна картичка за компании

Халкбанк АД Скопје со задоволство го најавува воведувањето на новата Visa Business Debit картичка, специјално дизајнирана за потребите на правните лица. Visa Business Debit картичката е меѓународна дебитна картичка која може да се користи за плаќање на стоки и услуги  како и за останати оперативни потреби на компанијата(хотелско сместување, патни трошоци) подигање на готовина во земјата и во странство. Visa Business Debit картичката е прифатена на сите продажни места и центри за готовина , како и банкоматите со симболот на Visa картичка. Картичката може да се користи од страна на сопствениците на компанијата,менаџери, вработени во компанијата овластени од страна на сопственикот. Картичката е поврзана со сметката на компанијата  во Халкбанк АД Скопје. Сите поединечни  или дополнителни картички може да бидат поврзани со основната  сметка на компанијата или можат да бидат поврзани со  другa сметка на правното лице која би  се отворила  за  специјална намена. Картичката може да се користи и како кредитна картичка, доколку компанијата има одобрено дозволено пречекорување  во Банката. Халкбанк АД Скопје  нуди  24-часовна поддршка за корисниците на своите картички  насекаде во светот, преку  Халкбанк  Центар за поддршка 24/7.

Copyright 2018 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.