19.03.2015

ХАЛКБАНК ВИ ПОСАКУВА ДОБРЕДОЈДЕ ВО НОВАТА ФИЛИЈАЛА ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА!

На поволна локација во населбата Автокоманда, општина Гази Баба, беше свечено отворена новата филијала на ХАЛКБАНК А.Д. Скопје.

Ова претставува уште еден успешен чекор на Банката која продолжува да ја зголемува својата присутност и достапност, со цел континуирано и квалитетно да одговори на секојдневните банкарски потреби на граѓаните и на стопанството.

Преку новата, 16-та филијала во Скопје, Банката овозможи полесна и поедноставна комуникација со своите постоечки клиенти, како и можност за квалитетно опслужување на нови, потенцијални клиенти.

На свеченоста по повод отворањето на новата филијала пред присутните се обрати главниот извршен директор на Банката, г. Неџдет Палакчи. Тој вети дека овој тренд на раст и зголемена достапност на Банката ќе продолжи и во иднина, истакнувајќи ги плановите за отворање на уште 3 нови филијали во земјата, но и за проширување и модернизирање на веќе постоечките филијали. На настанот присуствуваше и г-динот Тони Трајковски – градоначалник на општина Гази Баба, како и важни деловни клиенти на Банката.

Во новата филијала ќе бидат достапни сите производи и услуги на ХАЛКБАНК А.Д. Скопје (штедни влогови, платен промет во земјата и во странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање VISA, MasterCard, Maestro и Pay Pass платежни картички и др.), ќе се презентираат сите новини кои Банката постојано ги воведува на пазарот, и пред сè, ќе се градат блиски и квалитетни релации со сите постоечки и нови клиенти. 

ХАЛКБАНК А.Д. Скопје во последните две години го зголеми бројот на филијали од 21 на 33 во вкупно 18 градови во државата.

На овој начин придонесе за континуиран раст и отворање на нови работни места.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.