07.03.2016

ХАЛКБАНК присутна на Саемот на Градежништво

Почитувани,

Халкбанк АД им се заблагодарува на сите посетители кои дојдоа да не посетат на Саемот за Градежништво кој беше одржан од 01 до 5-ти март 2016 во Метрополис Арената, со цел запознавање со атрактивните услови на нашите кредитни и депозитни производи.

Разгледувајќи ја богатата и разновидна понуда на станови, посетителите имаа можност веднаш да добијат и соодветно решение и финансиска понуда од страна на претставниците на Халкбанк кои покрај на штандот на Банката, беа присутни и на штандовите на градежните компании ГолденАрт, Трим&Лум, Дабар, ЗСФ и Фабрика Карпош Скопје.

Сопствен дом е желба на секоја личност. Халкбанк АД Скопје преку соодветни финансиски решенија ја направи вашата желба полесно остварлива. Со цел воспоставување на трајни релации со клиентите, креираше станбен кредит чии што услови се наменети за остварување на Вашите желби.

Халкбанк АД Скопје во изминатата година се покажа како Банка која постојано расте и ја зацврстува својата позиција на пазарот, преку иновативност и достапност до клиентите, континуирано проширувајќи ја својата мрежа на филијали и збогатувајќи ја палетата на производи кои ги задоволуваат потребите на сите граѓани.

Сите вие кои не успеавте да не посетите, а сепак би биле заинтересирани за нашите производи и услуги, ве покануваме да не посетите во нашите филијали и подетално да се запознаете со условите и предностите кои ги нуди Халкбанк. Вие сте на ред! Ваша, Халкбанк.

Вие сте на ред!

Ваша,

Халкбанк.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.