02.02.2016

Добредојдовте во новите простории на филијалата на халкбанка во општина карпош!

Ве покануваме да не посетите на новата локација на филијалата во општина Карпош, на бул. Партизански Одреди бр.102 ,во ново издание, правејќи уште еден чекор понапред кон достигнувањето на својата цел, да бидеме што поблиску до нашите клиенти и квалитетно да одговориме на секојдневните банкарски потреби на граѓаните и на стопанствениците.

Со модернизирањето на оваа филијала продолжуваме да работиме во согласност со нашата стратегија, постојано следејќи ги новостите и современите достигнувања во банкарскиот свет, притоа навремено имплементирајќи ги во секојдневното работење на нашите филијали.

Преку модернизирање на постоечките и отворање на нови филијали на атрактивни локации, Банката постојано внимава на своите постоечки и потенцијални клиенти да им овозможи квалитетна и навремена услуга во пријатен амбиент, истовремено задоволувајќи ги сите нивни банкарски потреби.

Во новата филијала ќе бидат достапни сите производи и услуги на ХАЛКБАНК А.Д. Скопје (штедни влогови, платен промет во земјата и странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање VISA, MasterCard, Maestro и Pay Pass платежни картички и др.), ќе се презентираат сите новини кои Банката постојано ги воведува на пазарот, и пред сè, ќе се градат блиски и квалитетни релации со сите постоечки и нови клиенти.

ХАЛКБАНК А.Д. Скопје на крајот на 2015 година достигна број од 34 филијали во вкупно 19 градови во државата. На овој начин придонесе за континуиран раст и постојано отворање на нови работни места.

Со почит,

Халкбанк АД, Скопје

Copyright 2018 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.