Услови за кредит

Услови за кредит

  • Износ: до 140.000 ЕУР
  • Максимален рок: до 360 месеци
  • Грејс период: до 12 месеци
  • Каматна стапка со плата во Халк Банка АД:
    • 3,2% фиксна годишна каматна стапка за првите 10 години,
    • 4,00 пп + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за остатокот на периодот (СВТ 3,57%)
  • Провизија за обработка на кредитот: 0%
  • Без трошоци за проценка
  • Трошоци за кредитот:
    • 200 мкд - проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања)
    • 150 мкд - апликација за кредит,
    • Висината на трошокот на пакетот полиса за осигурување е во зависност од тарифата на Халк Осигурување АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетрање на кредитот.
    • Меничен бланкет
  • Надомест за предвремена отплата на кредит:
    За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата. Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит. Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката. Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.
  • Учество: минимум 10% учество
  • Кредитна способност: до 1/2 од месечни примања (со можност за кокредитобаратели).
  • Обезбедување: Хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.

* 3,57% СВТ за износ на кредит од 50.000еур, каматна стапка 3,2% фиксна годишна каматна стапка за првите 10 години и 4,00 пп + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за остатокот на периодот, рок на отплата 360месеци, трошок за апликација од 150 МКД и трошок за проверка во МКБ 200 МКД. Во пресметката не е вклучен трошокот за полисата.


** Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ, висината на договорната каматна стапка и износот на полисата.

·        Висината на трошокот на пакетот полиса за осигурување е во зависност од тарифата на Халк Осигурување АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетрање на кредитот.


Општи информации

Општи информации

Халкбанк АД Скопје нуди наменски станбени кредити обезбедени со пакет полиса за  осигурување од Халк Осигурување за физички лица. Кредитот можете да го користите за купување на стан, купување на куќа и купување на деловен простор како и рефинансирање на вашите изложености во други банки по основ на станбен кредит. Осигурителната полиса овозможува заштита на Вашиот имот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Пакетот полиса за осигурување наменет за осигурувањe на потрошувачки и хипоптекарни и станбени кредити од ХАЛКБАНК претставува една целина, а ги содржи следните покритија и опфатени ризици:

  • НЕМОЖНОСТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА КРЕДИТИ – смрт од било која причина, смрт од незгода (осигурена сума до износот на кредитот)
  • ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА – траен инвалидитет над 30% (осигурена сума до 50.000 еур)

Халкбанк АД Скопје е лиценциран застапник за продавање на полиси за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје.

Доколку купувате недвижност во тек на градба Банката соработува со следните градежни компании :


Предности

Предности

Кредитот обезбеден со пакет полиса за осигурување кој го нуди Халкбанк АД е со фиксна каматна стапка за првите 10 години, временскиот рок на отплата е до 30 години, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот, БЕЗ трошоци за проценка, БЕЗ трошоци за за одобрување и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.


Прашања

Често поставувани прашања

Колкава е сумата на полисата?

Висината на трошокот на пакет полисата за осигурување е во зависност од тарифата на Халк Осигурување АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетраење на кредитот.

За што може да се користи кредитот?

Станбениот кредит може да се користи за купување на нов стан, купување на куќа и деловен простор како и за рефинансирање на постоечки кредит во други банки.

Калкулатор

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.