Официјална понуда 27.03.2020

Одложување на наплата на кредитни обврски за сите физички лица - клиенти на ХАЛКБАНК АД Скопје за 6 месеци     

Поаѓајќи од фактот дека нема поединец или семејства кои не се засегнати од кризата предизвикана поради пандемијата од вирусот COVID – 19 и водејќи се од своето основно начело “ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО”,  ХАЛКБАНК АД Скопје се огласува со понуда до сите свои клиенти – физички лица кои имаат кредитна изложеност во Банката со класификација А, Б и В редовни на датум 29.02.2020 година.

Понудата се однесува на сите клиенти на Банката физички лица кои немаат нефункционална изложеност и истата опфаќа:

  • Одлагање на отплатата на сите кредитни обврски (кредити, кредитни картички и дозволени пречекорувања на трансакциска сметка) за период од 6 месеци и продолжување на рокот на крајното достасување за дополнителни 6 месеци;

Појаснувања:

  • Клиенти кои имаат кредитна изложеност во Банката со класификација А, Б и В редовни на датум 29.02.2020 година, се клиентите кои по која било основа немаат ненаплатени кредитни обврски подолго од 90 дена на датум 29.02.2020 година;
  • Контактирајте ја Банката само доколку сакате да продолжите со плаќање со претходно договорената динамика и не сакате одложување, односно не ја прифаќате понудата;
  • Доколку клиентот не ја контактира Банката во следните 10 дена за да се изјасни со негативен одговор за оваа понуда, истата се смета дека е прифатена и добива одложување на обврските без потпишување на анекси и доаѓање во Банката;
  • Доколку клиентот има повеќе кредитни задолжувања, (доколку користи повеќе кредитни производи) истиот се стекнува со право за одлагање на ратите/каматите за секој производ;
  • Редовната камата која ќе биде пресметана за одложениот период ќе биде доспеана на крајот на грејс периодот и истата ќе биде договорно регулирана;
  • Трајните налози за подмирување на кредитните обврски ќе се   деактивираат и нема да прават резервација на средства на трансакциска сметка, освен за клиентите кои што ќе ја информираат Банката дека нема да ја прифатат оваа понуда;
  • За одлагањето на отплатата, односно за прифаќањето на оваа понуда од Халкбанк, клиентот треба да го извести и својот работодавач како истиот не би постапувал по административни забрани;
  • Овaa мерка на Халкбанк е во важност до 30.09.2020 година и со барање во овој рок, клиентот може да ја смени првичната одлука за прифаќање/не прифаќање на понудата и дополнително да се изјасни за тоа дали сака да биде вклучен во користење на мерките или пак да излезе од истите и да се врати на редовна отплата;
  • Истата одлука ќе се примени и за пензионерите со образложение дека иако пензиите ќе бидат исплаќани без застој индиректно се засегнати преку членови на нивните семејства. Молиме за членовите од семејствата да помогнат во информирање на Банката доколку пензионерите-членови на нивните семејства сакаат да продолжат со редовна отплата и не се во можност тоа да го направат самите;
  • Доколку како клиент на Банката сакате да продолжите со својата отплата на кредитните обврски без престанок и измени, потребно е да нè известите за истото најдоцна до 05.04.2020 година со праќање на мејл порака до Covid19@halkbank.mk или со повик или мејл до матичната филијала (контактите на филијалите истакнати во продолжение).

Начин на идентификација

Во вашиот мејл или јавување за неприфаќање на понудата, потребно е да дадете 2 информации од можните 4:

  • Датум на раѓање, пример 31.12.2002
  • Последни 4 броеви од кредитната партија во Халкбанк, пример 0249000000165
  • Последни 4 броеви од трансакциска сметка, пример 270700000479000
  • Целосен псевдо број на дебитна картичка, пример за псевдо број на картички:

E-mail адреси на филијали за доставување на барање:

Филијала Електронска пошта Фиксен Mобилен
Аеродром BranchAerodromSkopje@halkbank.mk 02/3285-333
02/3285-335
071/264-738
072/251-691
Корпоративна Филијала 1 CorporateBranch@halkbank.mk 02/3250-934 072/229-187
Корпоративна Филијала 2 CorporateBranch2@halkbank.mk 02/3285-646 070/407-971
Автокоманда BranchAvtokomanda@halkbank.mk 02/3285-180 071/240-533
Битола BranchBitola@halkbank.mk 02/3285-207 071/359-881
Буњаковец branchbunjakovec@halkbank.mk 02/3285-603 070/361-694
Бутел BranchButel@halkbank.mk 02/3285-613 071/304-851
Велес BranchVeles@halkbank.mk 02/3285-433 072/321-064
Визбегово BranchVizbegovo@halkbank.mk 02/3285-276 071/359-891
Гевгелија BranchGevgelija@halkbank.mk 02/3285-324 072/321-540
Гостивар BranchGostivar@halkbank.mk 02/3285-286 072/214-363
Дебар BranchDebar@halkbank.mk 02-3285-481 070/385-494
Драчево BranchDracevo@halkbank.mk 02/3250-491 072/806-041
Ѓорче Петров BranchGjorcePetrovSkopje@halkbank.mk 02/3285-424 071/286-791
Железничка BranchZeleznickaSkopje@halkbank.mk 02/3285-314 070/270-849
Илинден BranchIlinden@halkbank.mk 02/3285-365 070/285-084
Кавадарци BranchKavadarci@halkbank.mk 02/3285-473 070/349-721
Кисела Вода BranchKiselaVodaSkopje@halkbank.mk 02/3285-382 072/321-166
Кичево BranchKichevo@halkbank.mk 02/3285-465 072/302-177
Кочани BranchKocani@halkbank.mk 02/3285-446 072/231-839
Куманово BranchKumanovo@halkbank.mk 02/3285-243 071/316-226
Лептокарија BranchLeptokarijaSkopje@halkbank.mk 02/3285-344 070/219-123
Неготино BranchNegotino@halkbank.mk 02/3285-404 071/318-851
Охрид BranchOhrid@halkbank.mk 02/3285-305 072/302-106
Плоштад BranchSquareSkopje@halkbank.mk 02/3285-411 070/393-313
Прилеп BranchPrilep@halkbank.mk 02/3285-256 072/212-364
Радовиш BranchRadovis@halkbank.mk 02/3285-634 072/279-904
Ресен BranchResen@halkbank.mk 02/3285-633 072/321-511
Сараj BranchSaraj@halkbank.mk 02/3285-653 070/219-340
Свети Николе BranchSvetiNikole@halkbank.mk 02/3285-374 071/223-517
Стара Скопска Чаршија BranchStaraTurskaCharsijaSkopje@halkbank.mk 02/3285-298 070/354-680
Струга BranchStruga@halkbank.mk 02/3285-394 071/411-903
Струмица BranchStrumica@halkbank.mk 02/3285-232 072/800-679
Тетово 1 BranchTetovo@halkbank.mk 02/3285-227 072/212-423
070/266-569
Тетово 2 BranchTetovo2@halkbank.mk 02/3285-624 071/298-781
Центар BranchSobranieSkopje@halkbank.mk 02/3285-218 071/408-298
Чаир BranchChairSkopje@halkbank.mk 02/3285-264 071/286-792
Ченто BranchChento@halkbank.mk 02/3285-357 071/361-898
Штип BranchStip@halkbank.mk 02/3285-349 078/230-719
Централна MainBranch@halkbank.mk 02/3285-589 072/212-362
071/288-594


За сите дополнителни прашања во однос на мерката стоиме на располагање да Ви одговориме преку погоре наведените контакти.

Мерките се во согласност со Уредбата на Владата усвоена на 28-та седница на Влада од 25.03.2020 година и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологија за управување со кредитниот ризик донесена од страна на НБРСМ од 20.03.2020 година

ХАЛКБАНК
Важни се луѓето - а за нив, најважно е здравјето!

#СедиДома #БидиЗдрав #БидиСовесен

Период и начин на пресметка

Период и начин на пресметка на камата

  • Период на одложено плаќање:  од 6 месеци, почнувајќи  од март до август,  односно за обврските пресметани во период 01.03.2020 до 31.08.2020 година
    • За време на одложениот предиод на плаќање клиентот има право за самостојна уплата на кредитната партија во било кое време. Уплатените средства ќе се бележат на аванс и доколку клиентот нема достасани, а неподмирени обврски целиот аванс може да се искористи за намалување на главницата по кредитот на 31.08.2020 или за сервисирање на идни ануитети за акумулиранот износ кои ќе достасуваат со 30.09.2020 година
  • Пресметка на камата за време на грејс периодот:
    • За кредит -  За цело времетраење на грејс периодот, Банката ќе пресметува камата по каматна стапка предвидена во Договорот за кредит. По истек на предвидениот грејс период од 6 (шест) месеци, каматата пресметана во грејс периодот рамномерно ќе се распореди за наплата во ануитетите согласно новиот амортизационен план. Банката нема да пресметува камата на рамномерно распределената камата од грејс периодот. Доколку клиентот сака може уплатата на пресметаната камата да ја направи еднократно по истек на грејс периодот или повеќекратно во текот на грејс периодот.
    • За кредитна картичка - Банката ќе пресметува редовна камата за одложеното плаќање за 6 месеци и истата ќе биде доспеана на 31.08.2020 во вид на обврска за еднократна отплата. Првото задолжување со минимална износ на плаќање на главница на искористен лимит на кредитна картичка ќе биде пресметан во текот на месец Септември 2020 година.Клиентот во секое време може да врши уплата на искористениот лимит на кредитна картичка и да го користи расположивото салдо на лимитот на кредитната картичка.
    • За дозволено пречекорување - Банката ќе пресметува редовна камата за одложеното плаќање за 6 месеци и истата ќе биде доспеана на 31.08.2020 во вид на обврска за еднократна отплата.

Прашања

Често поставувани прашања

Што е одложено плаќање?

Период на одложено плаќање е период за време на кредитот, кога заемопримачот не е должен да изврши плаќање на ануитетот. Тоа е период на чекање пред кредитокорисникот  да започне да прави фиксни месечни плаќања

Одложено сервисирање на ануитетите претставува мерка која за прв пат се имплементира во банкарскиот сектор на Македонија. Одложеното сервисирање не е новина во банкарските пракси во светот, па дури и за балканските држави кои во одредени услови ја применувале оваа мерка со цел да ја поддржат државата во вонредни ситуации.  А, во време на Ковид19, најголем број на банки во регионот и пошироко овозможија одложено плаќање до 3 месеци.

Одложеното плаќање на ануитетите на граѓаните и компаниите преку деловна одлука на банката во нашиот случај се прави за 6 месеци. Тоа е период за кој на граѓаните и фирмите им е потребна ликвидност која банката ќе им ја овозможи со паралелно продолжување на периодот на отплата за 6 месеци, со цел, месечниот ануитет за искористените средства да остане приближно ист и да не претставува посериозен товар во иднината.

Одложеното плаќање значи период во кој се пресметува камата по тековни услови, и поинаква пракса за ова кај банките како дел од реланиот сектор не постои, освен доколку истата не биде субвенционирана од некоја трета страна.

Мерката за одложување е наменета за тие лица кои за жал се соочуваат со намалени или укинати приливи во периодот на криза, и кои поради тоа не се во можност нормално да ги сервисираат своите обврски кон банката.

Клиенти кои имаат капацитет непречено да ги подмируваат своите обврски, секако, треба да продолжат со истото и да ја одбијат понудата со мерката.

Разлика помеѓу грејс период и одложена отплата?

Грејс период е период во кој се пресметува камата која се сервисира на месечно ниво за разлика од одложената отплата каде што клиентот нема месечни одливи кон банката

Грејс период е период во кој нема поместување во крајното доспевање на кредитот и во поголема мера влијае на висината на ануитетот, додека кај одложеното плаќање се додаваат број на месеци во иднина, надвор од првичното крајно доспевање со цел товарот на субјектот да остане издржлив и во рамки на неговите капацитети.

Дали може мало појаснување околу каматата за тој грејс период од 6 месеци. Бидејќи месечниот ануитет веќе е составен од главен дел и камата на кој износ ќе се пресметува дополнителна камата за овој 6-месечен период дали ова значи дека сите ќе имаме покачување на преостанатиот дел за плаќање.

За цело времетраење на грејс периодот, Банката ќе пресметува камата по каматна стапка предвидена во Договорот за кредит, односно нема да има дополнителна камата, туку само редовната камата. По истек на предвидениот грејс период од 6 месеци, каматата пресметана во грејс периодот ќе се распореди (ќе се додаде) на кредитното салдо на кредитот и рамномерно ќе се распореди за наплата во ануитетите согласно новиот амортизационен план. Да, ова значи дека би имале мало зголемување на ануитетите во остатокот од отплатата, но истовремено ќе се пролонгира и рокот на отплата на кредитот со што се овозможува зголемувањето на ануитетот да биде минимално.

Кредитот ми е со салдо од 600.000,00 МКД со каматна стапка од 6% месечна камата во моментот со остаток од 84 месеци?

Износот на камата кој месечно ќе се пресметува изнесува 3.000,00 МКД видно и од вашиот Амортизационен план, вкупниот износ за 6 месеци ќе изнесува 18.000,00 МКД, износ кој ќе се распореди на останатиот период од 84 месеци или месечно 215 МКД. Нема да плаќате ануитет 6 месеци во износ од 8.765,00 МКД или за 6месеци 52.590,00 МКД а затоа во идниот период ќе платите 215 МКД повисок износ на ануитет.

Дали се однесува на сите производи?

Доколку клиентот има повеќе кредитни задолжувања, (доколку користи повеќе кредитни производи) истиот се стекнува со право за одлагање на ратите/каматите за секој производ.

Од кога трае мерката? Со кои обврски започнува со кои завршува?

Одложување на мерката започнува со пресметката на ануитетите од 01.03.2020 и трае до 31.08.2020. значи со користење на оваа мерка се стекнувате со можност за одложено плаќање на прв ануитет од 31.03.2020 година и последен 31.08.2020 година. Прв следен ануитет по одложеното сервисирање се задолжува на 30.09.2020 година.

Дали и кредитите кои се подигнати во март и следните месеци ќе бидат ставени во мирување?

Кредитите подигнати во март 2020 година, не се опфатени во понудата, имајќи ги во предвид критериумите предвидени од надлежните органи. Но, Банката за кратко време ќе понуди мерки и за овие кредити (за физички лица кои ќе имаат потреба од олеснувања), за што дополнително ќе известиме.

Дали трајните налози ќе бидат ставени во мирување? Што со Административните забрани?

Трајниот налог ќе остане активен, но поради одложеното плаќање нема да имате доспеан долг за кој трајниот налог би префрлил средства кон кредитната партија. Ова е од причина да не ви се деактивира со што би требало повторно да доставувате барање за активација. Доколку Вашиот кредит се отплатува со административна забрана, Ве молиме да го известите Вашиот работодавач дека за време на грејс периодот истата треба да ја стави во мирување. Банката ќе направи напор за што пократко време да извести поголемите компании и институции за клиентите кои ќе ја користат мерката но не пред крајниот рок за прифаќање односно одбивање на понудата 05.04.2020 година со цел да имаме конечен  број на клиенти и нивна идентификација.

Дали важи за пензионерите ?

Понудата важи за сите клиенти кои се класифицирани во категорија на ризик А, Б или В и немаат статус на сомнителни и спорни побарувања (нефункционални), односно во своето досегашно работење со Банката не доцнеле подолго од 90 дена при отплата на обврските. Вклучително и пензионерите тргнувајки од фактот дека секој е или може да биде засегнат директно или индиректно. Тоа стои и во соопштението а ние преку нашите филијали ќе направиме напор директно да ги контактираме сите пензионери со цел поблиску да им објасниме и направиме пресметки со оглед на ограничените канали за комуникација и со тоа  да бидеме сигурни дека убаво секој ја разбира мерката.


Примери

Примери за потрошувачки кредити во денари 

Пример 1:

Салдо на кредит 600.000
Преостанат број на рати во месеци 84
Каматна стапка 6%
Износ на ануитет 8.765
Износ на нов ануитет 8.979
Вкупен износ кој нема да се наплати во следните 6 месеци 52.591
Камата за одложен период 17.796
Разлика во ануитет по изминување на одложен периодот 214
Уплати во рок од одложено плаќање за 6 месеци 0


Пример 2:

Салдо на кредит 300.000
Преостанат број на рати во месеци 60
Каматна стапка 6%
Износ на ануитет 5.800
Износ на нов ануитет 5.950
Вкупен износ кој нема да се наплати во следните 6 месеци 34.799
Камата за одложен период 9.000
Разлика во ануитет по изминување на одложен периодот 150
Уплати во рок од одложено плаќање за 6 месеци 0


Пример 3:

Салдо на кредит 250.000
Преостанат број на рати во месеци 36
Каматна стапка 6%
Износ на ануитет 7.605
Износ на нов ануитет 7.814
Вкупен износ кој нема да се наплати во следните 6 месеци 45.633
Камата за одложен период 7.488
Разлика во ануитет по изминување на одложен периодот 208
Уплати во рок од одложено плаќање за 6 месеци 0


Примери за станбени / хипотекарни кредити во ЕУР 

Пример 1:

Салдо на кредит 40.000
Преостанат број на рати во месеци 300
Каматна стапка 4,5%
Износ на ануитет 222,33
Износ на нов ануитет 225,33
Вкупен износ кој нема да се наплати во следните 6 месеци 1.334
Камата за одложен период 900
Разлика во ануитет по изминување на одложен периодот 3
Уплати во рок од одложено плаќање за 6 месеци 0


Пример 2:

Салдо на кредит 20.000
Преостанат број на рати во месеци 240
Каматна стапка 4,5%
Износ на ануитет 126,53
Износ на нов ануитет 128,40
Вкупен износ кој нема да се наплати во следните 6 месеци 759,18
Камата за одложен период 448,8
Разлика во ануитет по изминување на одложен периодот 1,87
Уплати во рок од одложено плаќање за 6 месеци 0


Пример 3:

Салдо на кредит 15.000
Преостанат број на рати во месеци 180
Каматна стапка 4,5%
Износ на ануитет 114,75
Износ на нов ануитет 116,62
Вкупен износ кој нема да се наплати во следните 6 месеци 688,49
Камата за одложен период 338,4
Разлика во ануитет по изминување на одложен периодот 1,88
Уплати во рок од одложено плаќање за 6 месеци 0


Биди информиран за

Детско
Штедење

Штеди за твоите деца

Земи ја твојата

Кредитна картичка

Ти плаќаш,
ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави банкарски трансакции од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.