23.06.2020

Соопштение

Почитувани пензионери, 

Следствено на искуството од минатите месеци, повторно Ве повикуваме во Ваш интерес и за Ваша поголема заштита, користењето на јунската пензија да ја извршите преку користење на платежните картички за пазарење и користење на мрежата на банкомати во случај на потреба за готовина, како и преку платежните опции на електронското и мобилното банкарство.

За сите пензионери кои користат картичка, парите ќе бидат на сметка на 26.06 (петок) и истите ќе може слободно да ги користат за подигнување на готовина од мрежата на банкомати на сите банки во земјата без провизија, како и при пазарење или при користење на услугата електронско банкарство.

За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинска исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа: 

  • До 11.000 денари                  26.6.2020 г. (петок)
  • 11.001-14.000 денари            29.6.2020 г. (понеделник)
  • 14.001-18.000 денари            30.6.2020 г. (вторник)
  • Над 18.001 денари                01.7.2020 г. (среда)


На шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на сите банкомати од која било банка во државата без провизија за подигнување готовина.

Работењето на филијалите од аспект на бројот на вработени и бројот на шалтери, ќе бидат прилагодени во најголема можна мера на потребите, ќе бидат ангажирани лица за одржување на редот, сè во насока за зачувување на здравјето и безбедноста и на вработените и на клиентите на Халкбанк АД Скопје.

Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на Вашите потреби во периодот од 08:30 до 16:30 часот.



Биди информиран за

Детско
Штедење

Штеди за твоите деца

Земи ја твојата

Кредитна картичка

Ти плаќаш,
ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави банкарски трансакции од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.