Општи информации

Општи информации

Халкбанк АД Скопје нуди потрошувачки ненаменски кредит со пакет полиса за осигурување издадена од Халк Осигурување АД Скопје. Осигурителната полиса издадена од Хак Осигурување АД Скопје овозможува заштита на Вашиот имот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.           

Пакетот полиса за осигурување наменет за осигурувањe на потрошувачки и хипоптекарни и станбени кредити  од  ХАЛКБАНК претставува една целина, а ги содржи следните покритија и опфатени ризици:

  • НЕМОЖНОСТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА КРЕДИТИ – смрт од било која причина ,смрт од незгода
  • ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА – траен инвалидитет над 30%

Халкбанк АД Скопје е лиценциран застапник за продавање на полиси за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје.

Предности

Предности

За овој тип на кредит Халкбанк АД Скопје нуди фиксна каматна стапка за првите 2 години со рок на отплата до 120 месеци, БЕЗ трошоци за одобрување и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација на кредитот. Овој тип на кредит може да се користи за вашите тековни потреби, а исто така и за рефинансирање на постоечки кредити од други банки.

Услови за кредит

Услови за кредит

  • Износ: до 1.500.000 МКД
  • Максимален рок: до 120 месеци 
  • Кредитна способност: согласно месечните примања
  • Камата: 5,00% фиксна каматна стапка за првите две години, за остатокот на периодот 7,75% варијабилна каматна стапка (референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментот на склучување договор изнесува 2,25 % зголемена за 5,5 пп) (СВТ 6,9%)*полисата не е влезена во оваа пресмeтка на СВТ
  • Провизија за обработка на кредитот: 0%
  • Провизија за предвремена ликвидација: 0%
  • Трошоци за кредитот:
  • 350 мкд  - проверка во Кредитно биро  (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања),
  • 150 мкд - апликација за кредит
  • Висината на трошокот на пакетот полиса за осигурување е во зависност од тарифата на Халк Осигурување АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетрање на кредитот.

* 6,9% СВТ за износ на кредит од 600.000 МКД, каматна стапка променлива од 7,75%, рок на отплата 120 месеци, трошок за апликација од 150 МКД и трошок за проверка во МКБ 350 МКД

** Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ  , висината на договорната каматна стапка и  износот на пакетот полиса од Халк Осигурување.

*** Во искажаниот пример за СВТ од 6,9 % пакетот полиса за осигурување не е влезена во пресметката

Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

Колкава е сумата на полисата?

Висината на трошокот на пакет полисата за осигурување е во зависност од тарифата на Халк Осигурување АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетраење на кредитот.

До која возраст може да се аплицира за кредит со животно осигурување?

Пристапната возраст за апликација за кредит со пакет полиса за осигурување е до 65 години.Последниот ануитет од кредитот мора да завши до максимум навршување на 72 години старост на клиентот.

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.