31.08.2017

ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ ВОВЕДЕ НОВА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА ЗА ПРАВНИ ЛИЦА

Почитувани Клиенти,

Халкбанк АД Скопје со задоволство Ве инфомира за воведување на нова платежна картичка наменета за правни лица.

 

Mastercard Business Debit е меѓународна картичка наменета за безготовински трансакции на сите ПОС терминали кои имаат означено лого на Mastercard и за подигање на готовина на банкоматите во земјата и во странство.

Дебитна картичка која на секој бизнис корисник му овозможува брзо и лесно БЕСКОНТАКТНО плаќање секаде каде што го има знакот за бесконтактно плаќање. Картичката ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code)

Mastercard Business Debit може да се користи од страна на сопствениците на компанијата, менаџери, вработени во компанијата овластени лица од страна на сопственикот. Сметката на картичката е поврзанa со сметка на компанијата во Халкбанк АД Скопје.

Олеснете ја  Вашата секојдневна бизнис рутина и уживајте во користењето на Mastercard Business дебитната картичка при  купување, деловни состаноци, службени патувања, плаќање на патарини, гориво за Вашето службено возило.

Со почит,

Халкбанк АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.