31.10.2020

“Плаќај со HALKPay и освојувај награди!” Нова голема наградна игра на Халкбанк!

Почитувани клиенти,

Со големо задоволство Ве известуваме дека од 01.11.2020 започнува големата наградна игра “Плаќај со HALKPay и освојувај награди!” и истата ќе трае до 28.02.2021 година.


Во Наградната игра право на учество имаат сите полнолетни физички лица кои се клиенти на ХАЛКБАНК АД Скопје и се корисници на MasterCard дебитни и/или кредитни платежни картички за физички лица (MasterCard Debit Contactless; MasterCard Standard, MasterCard Contactless; MasterCard World) издадени од ХАЛКБАНК АД Скопје, и кои имаат  направена валидна трансакција со мобилната апликација HalkPay достапна за мобилен уред со Android оперативен систем.

Со исполнување на условите учесниците влегуваат во трка  за 15 Смарт Андроид телефони, 10 Ваучери за велосипеди, 6 GARMIN часовници и 1 Електричен велосипед.

Критериуми и механизам за учество:

  • Лицата корисници на MasterCard дебитни платежни картички за физички лица издадени од Халкбанк АД Скопје, за секоја поединечна трансакција добиваат една шанса за учество во Наградната игра.
  • Лицата корисници на MasterCard кредитни платежни картички за физички лица издадени од Халкбанк АД Скопје, за секоја поединечна трансакција добиваат тројна шанса за учество во Наградната игра.

Правилата на наградната игра можете да ги погледнете на:

Спремни за нова шопинг победа со наградната игра ‘’Плаќај со HALKPay и освојувај награди!’’

Со почит,

Халкбанк АД Скопје




Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.