17.06.2020

Известување

Се известуваат акционерите на Халк Банка А.Д. Скопје дека Собранието на Халк Банка А.Д. Скопје на ден 17.06.2020 година (среда) донесе Одлука за определување на износот на дивидендатa и датум на исплата на дивиденда од добивката остварена во 2019 година.

Согласно горенаведената Одлука износот на бруто дивидендата по една акција изнесува 841 МКД односно 8.41% од номиналната вредност на акцијата.

Исплатата на дивиденда ќе се изврши во пари, по следниот дивиденден календар:

  • датумот на пресек на акционерската книга според кој се определува правото на дивиденда е 17.06.2020;

Исплатата на дивидендата ќе отпочне на ден 18.06.2020 година и ќе трае најдоцна до 30.09.2020 година.

Се известуваат акционерите кои немаат доставено податоци за трансакциска сметка за исплата на дивиденда истото да го направат со достава на податоците во Централата на Банката на ул. Св. Кирил и Методиј бр.54 Скопје, на телефонските броеви 02 3287536 или 02 3287578 или на е-маил LegalAffairsDepartment@halkbank.mk.

Со почит,
Халк Банка А.Д. Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.