28.04.2016

Известување по повод Велигденските и Првомајските празници

Почитувани,

Ве известуваме дека по повод претстојните Велигденски празници филијалите во Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Кичево, Чаир, Чаршија, Ѓорче Петров, Централната филијала и експозитурата Аеродром “Александар Велики” на ден 29.04.2016 година (петок) ќе работат со редовно работно време, додека останатите филијали на Халкбанк А.Д. Скопје нема да работат.

По повод “Велигден” и “Денот на Трудот”, на ден 02.05.2016 година (понеделник) филијалите на Халкбанк А.Д. Скопје нема да работат. Експозитурата Рамстор ќе работи согласно работното време на трговскиот центар за време на празниците, и тоа со скратено работно време на 01 и 02.05.2016 година од 12:00 до 20:00 часот.

Воедно, оваа прилика ја користиме да им ги честитаме Велигденските празници на верниците од православна вероисповед, како и Денот на трудот на сите граѓани на Република Македонија.

Со почит,

Ваша,
Халкбанк АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.