27.07.2020

Известување

Почитувани пензионери, 

Ве повикуваме во Ваш интерес и за Ваша поголема заштита, користењето на пензијата да ја извршите преку користење на платежните картички за пазарење и користење на мрежата на банкомати во случај на потреба за готовина, како и преку платежните опции на електронското и мобилното банкарство. За сите пензионери кои користат картичка, парите ќе бидат на сметка на 28.07 (вторник) и истите ќе може слободно да ги користите при пазарење со Вашите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинска исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа: 

  • во вторник, 28 јули – пензии во висина до 11.000 денари;
  • во среда, 29 јули  – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • во четврток, 30 јули  – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • во петок, 31 јули –  пензии во висина над 18.000 денари.

Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на Вашите потреби во периодот од 08:30 до 16:30 часот.


Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.