23.01.2017

Кога трошењето е задоволство!

Почитувани,

Халкбанк АД Скопје со задоволство Ве известува за воведување на скалеста годишна членарина за сите физички лица иматели на кредитни картички од брендот (Mastercard Standard, Mastercard Contacless, Mastercard World ,Visa Classic и Visa Gold).

Воведувањето на скалестата членарина  им овозможува на корисниците на кредитните картички да ги намалат трошоците за членарина или пак  целосно да ги избегнат .

Колку повеќе ја користите Вашата Халк Банк кредитна картичка во секојдневните купувања , толку помалку членарина плаќате!

Тарифата за скалеста членарина за кредитните картички на Халк Банк  е следната :

Mastercard Standard/ Mastercard Contacless/ Visa Classic (годишна  членарина 1.200,00 мкд)

  • Без членарина за направен годишен промет од минимум 90.000,00 мкд
  • 600 мкд членарина за направен годишен промет од мин 60.000,00мкд
  • 800 мкд членарина за направен годишен промет од мин 30.000,00мкд

Visa Gold (годишна членарина 1.800,00 мкд)

  • Без членарина за направен годишен промет од минимум 150.000,00 мкд

Mastercard World (годишна членарина 3.000,00 мкд)

  • Без членарина за направен годишен промет од минимум 150.000,00 мкд

*во вкупниот годишен промет влегуваат сите трансакции направени на(POS ,ATM и Е-commerce)

Трошете повеќе, платете помалку!

Ваша,
Халк Банк АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.