12.10.2018

На слончето на Халкбанк му треба име!

Биди кум на новата маскота за Детско штедење и можеш да добиеш 10.000 ден. Во октомври, месецот на штедење, Халкбанк ја претстави својата нова маскота за Детското штедење – слонче!

Сакајќи на луѓето да им даде можност самите да придонесат во создавањето на оваа нова маскота, Халкбанк објави конкурс за именување на слончето, со тоа што најдобриот ќе добие штедна книшка со 10.000 денари.

Конкурсот за именување на слончето ќе се спроведува во две фази, односно почнувајќи од денес, 12 октомври, па сѐ до 19 октомври, на Facebook страната на Халкбанк посетителите ќе имаат можност да ги пишуваат своите предлози за име на слончето, од кои ќе се одберат две најатрактивни имиња.

Во втората фаза, од 19-21 октомври, преку јавна анкета, повторно на Facebook страната на Халкбанк, посетителите ќе гласаат за едно од понудените имиња, и на 22 октомври ќе биде прогласен победникот.

Доколку сакате и вие да учествувате во именувањето на новата маскота, следете го овој линк  .

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.