12.04.2017

Плаќај во Движење !

Почитувани Клиенти,

Со заводолство Ве информираме дека Халкбанк АД Скопје воведе нова дебитна бесконтактна картичка Mastercard Debit Contactless наменета за физички лица.

Mastercard Debit Contactless е бесконтактна дебитна картичка  издадена од Халкбанк АД Скопје со можност за брзо и лесно бесконтактно плаќање која е поврзана со Вашата трансакциска сметка и наменета за вршење на трансакции на ПОС, интернет и АТМ.

Примателите на плата во Халкбанк АД Скопје  имаат дополнителна привилегија - можност за подигање на готовина на сите Банкомати во Р.Македонија без надомест.

Пин авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции до висина на лимитот одреден од Банката (750,00мкд) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни картички.

Бесконтактни трансакции може да се извршуваат на местата  каде што го има логото за бесконтактно плаќање.

За повеќе информации за Mastercard Debit Contactless може да најдете тука.

Со почит,
Ваша Халкбанк АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.