28.09.2020

Потрошувачки кредит од Халкбанк за здравствени работници

За нашите херои! - Потрошувачки кредит од Халкбанк за здравствени работници со грејс период до 6 месеци и фиксна камата од 4% во првите две години

Халкбанк АД Скопје подготви специјален производ - Потрошувачки кредит за здравствени работници, кој е со фиксна каматна стапка од само 4% во првите две години, односно 5% каматна стапка варијабилна во останатиот период на отплата и со можност за користење грејс период од 6 месеци. Со новиот производ, Халкбанк излегува во пресрет на здравствените работници кои се наши херои бидејќи се во првите „борбени редови“ во ова време на пандемија предизвикана од КОВИД-19. 


Новиот производ можат да го искористат сите вработени во здравствените институции во земјава. Каматната стапка од 4% е фиксна за првите две години, а за останатиот период е променлива и во моментов изнесува 5% (3,5 процентни поени + референтната стапка за пресметување на законската каматна стапка која во моментов изнесува 1,50%). Потрошувачкиот кредит е со максимален износ до 1.500.000 денари, рок на отплата до 120 месеци и без провизија за обработка. Единствените трошоци за кредитот се 150 денари за апликација и надомест во висина од 350 денари за добивање податоци од Кредитното биро кои се наплаќаат доколку кредитот е одобрен.

Како обезбедување кон овој кредит вклучени се осигурителните полиси од Халк Осигурување АД,  полиса од незгода која изнесува 600 денари на годишно ниво или Пакет полиса за осигурување, во зависност од износот на кредитот. Висината на трошокот на пакетот полиса за осигурување е во зависност од тарифата на Халк Осигурување АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетраење на кредитот, а ги содржи следните ризици:

  • Неможност за враќање на кредит – смрт од било која причина, смрт од незгода, и
  • Осигурување од незгода – траен инвалидитет над 30%.

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк е ненаменски и може да се користи за најразлични потреби, како и за рефинансирање на постоечки кредитни изложености во други банки. Сите заинтересирани здравствени работници за овој потрошувачки кредити можат да аплицираат без надомест за обработка најдоцна до 31 декември 2020 година.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.