07.05.2020

Потрошувачки кредит за членови на Македонски Полициски Синдикат

Халкбанк АД Скопје во знак на одбележување на денот на македонската полиција 7-ми Мај, чии припадници несебично и секојдневно го даваат својот труд за одржување на јавната безбедност и јавниот ред и мир, дури и во време на пандемија и времетраење на вонредна состојба, Ве известува дека креираше потрошувачки кредит специјално создаден за потребите на  членовите на Македонскиот Полициски Синдикат.

Потрошувачкиот кредит за членови на Македонски Полициски Синдикат е производ со фиксна каматна стапка за 24 месеци, која започнува од 5% фиксна каматна стапка за првата година. Кредитот е со максимален износ до 1.200.000 мкд и рок на траење до 120 месеци. Кредитот е без надомест за обработка до 30.06.2020 година и без надомест за предвремена отплата. Секој член на Македонскиот Полициски Синдикат кој ќе аплицира за овој тип на кредит добива MasterDebit Contactless картичка со која може да подигнува готовина од сите банкомати во Р. Северна Македонија без провизија.

За дополнителни информации може да се обратите во секоја од филијалите на Халкбанк АД Скопје. https://halkbank.mk/filijali.nspx

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.