Карактеристики

Со Visa Electron дебитната картичка имате  постојан контакт со Вашите средства на безбеден начин и пристап до нив 24/7.

Користење на средства кои Ви се расположливи на  трансакциската сметка како и одобрениот дозволен минус на истата. Наменета е за безготовински плаќања на трговската мрежа и подигање на готовина од банка или банкомат.

Картичката е меѓународна, поддржува интернет плаќања без провизија за трансакции на домашни и странски интернет страни  и за истите добивате е-маил известување за секоја направена трансакција.

Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

Mожете веднаш да аплицирате во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје преку пополнување на апликација или преку онлине апликацијата

Користењето на картичката е без провизија за плаќање во трговската мрежа и без провизија за подигање на готовина од банкоматите на Халкбанк АД Скопје.

За подигање готовина од банкомат и вршење трансакција на ПОС терминал задолжително се користи ПИН-кодот кој го внесувате сами при подигање на картичката.

Пин-кодот на Вашата VISA Electron дебитна картичка може да си го промените сами на банкоматите на Халкбанк АД Скопје.

Можете да аплицирате за Visa Electron во најблиската  филијала/ експозитура на Халкбанк АД Скопје или онлине преку нашата Апликација.

За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо Ве молиме пополнете и испратете ја апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје или  доставете ни ја на емаил :  help24@halkbank.mk

Предности

  • Едноставно и флексибилно безготовинско плаќање во трговска мрежа.
  • Користење на сите  банкомати со логото на  Visa,  Интернет плаќања.
  • Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code)
  • Аплицирај
  • Можности за купување со попуст кај одредени партнери на Халкбанк А.Д. Скопје.

Доколку не сте корисник на Visa Electron дебитната картичка можете веднаш да аплицирате во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк А.Д. Скопје преку пополнување на апликација.

Доколку би сакале да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС порака, Ве молиме пополнете и испратете ја Апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк А.Д. Скопје.

Провизии

Visa Electron
Подигање на готовина од банкомати на Халкбанк АД Без надомест
Извештај од сметка на банкомат на Халкбанк АД Без надомест
Подигање на готовина на банкомати на други банки 2% или мин. 120 МКД 
Надомест за изработка на основна картичка 100 МКД
Надомест за изработка на дополнителна картичка 100 МКД
Реиздавање пред истек на рокот (уништена/изгубена картичка)  300 МКД
Надомест за итна изработка на картичка 600 МКД
Активна камата на пречекорување, казнена камата за пречекорување 
над дозволено салдо на сметка, пасивна камата
Согласно одлука за
каматни стапки
Подигање на готовина од шалтерите на други Банки 2% или мин. 120 МКД 
Блокирање на картичка по барање на клиент преку Help24, е-пошта
или писмено
200 МКД
Деблокирање на картичка 100 МКД
Надомест за неоснована рекламација 600 МКД
Промена на ПИН на шалтер 50 МКД

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Во што се состои разликата меѓу дебитна и кредитна картичка? 

Дебитната картичка е поврзана со Вашата трансакциска сметка.  Притоа,  овозможува користење на  расположливите средства на  трансакциската сметка вклучувајќи го и одобрениот дозволен минус. Исто така картичката може да се користи за интернет плаќања.

Кредитна картичка е меѓународна чип револвинг  картичка  наменета за плаќање во продажни места, подигање на готовина на банкомати во земјата и во странство да се корити за интернет плаќање. Револвинг кредитната картичка  е всушност одобрен кредит кој е автоматски обновлив, а кој Банката го одобрува на подносителот на барањето за издавање на кредитна картичка. За искористениот износ расположливиот кредитен лимит се намалува, додека по уплатата на искористениот износ истиот повторно е расположлив за користење на корисникот на кредитната картичка.

Потребна документација за аплицирање за дебитна картичка?

Пополнета апликација за дебитна картичка и копија од лична карта.

Како може да се аплицира за дебитна картичка ?

Со пополнување на апликацијата во најблиската филијала или преку онлине апликацијата за која подоцна ќе бидете контактирани од одговорното лице од Халкбанк А.Д. Скопје.

Колку долго трае процедурата за издавање на картичка?  

Со одобрувањето на барањето процедурата  за издавање на картичката одзема  2 работни дена за картичката да биде доставена до филијалата од каде  корисникот се одлучил да ја подигне картичката  и за истото ќе биде известен преку СМС.

Што значи дозволен минус и како може да се добие?

Дозволен минус подразбира кредитен лимит на трансакциската сметка кој Ви е на располагање за трошење. За да аплицирате за дозволен минус, потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк А.Д. Скопје каде ќе мора да се  изврши проверка на Вашата кредитоспособност и ќе можете да ја подигнете потребната документација за аплицирање.

Важност на картичката ?

Валидноста на картичката е 3 години со можност за реиздавање. 

Аплицирај

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ
КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.