Како да Учествувам?

Во Наградната игра право на учество имаат сите полнолетни физички лица кои се клиенти на Халкбанк АД Скопјеи се корисници на MasterCard дебитни и/или кредитни платежни картички за физички лица, MasterCard Debit Contactless; MasterCard Standard; MasterCard Contactless; MasterCard World издадени од Халкбанк АД Скопјe.

Платежните картички потребно е да се дигитализирани во мобилната апликација HALKPay и корисниците, со нив, да имаат направено валидна трансакција преку користење на  мобилната апликација HALKPay.

За да земете учество во наградната игра ‘’Плаќај со HALKPay и освојувај награди’’ потребно е да направите валидна трансакција со дигитализирана картичка со мобилна апликација HALKPay.

Критериуми и механизам за учество:

Лицата корисници на MasterCard дебитни платежни картички за физички лица, издадени од Халкбанк АД Скопје, за секоја поединечна трансакција добиваат една шанса за учество во Наградната игра.

Лицата корисници на MasterCard кредитни платежни картички за физички лица, издадени од Халкбанк АД Скопје, за секоја поединечна трансакција добиваат тројна шанса за учество во Наградната игра.

Наградната игра се организира и се спроведува на целата територија на Република Северна Македонија на сите продажни места каде постојат услови за плаќање преку ПОС терминали што поддржуваaт бесконтактно плаќање, со користење на мобилната апликација HalkPay достапна за мобилен уред со оперативен систем Android со активирано NFC. Апликацијата е достапна за секој клиент со активни платежни картички од брендот Mastercard, издадени од Халкбанк АД Скопје.


Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.