Карактеристики

Карактеристики

Не ја пропуштајте можноста да го привлечете вниманието на вашите клиенти со технологија која нуди плаќање на рати и собирање на бонус поени што индиректно влијае на атрактивноста на вашиот бизнис.

Користете ги ПОС терминалите на Халкбанк АД Скопје бидејќи брзината на процесирањето на трансакциите директно придонесува за Вашиот промет и лесно се ракува со нив .

Халкбанк АД Скопје ја поседува единствено Contactless мрежата што овозможува бесконтактно вршење на трансакции.

Во 2013 година Халкбанк АД Скопје  стана прв лидер на маркетот по бројот на инсталирани бесконтактни терминали.

Бидете и вие дел од ова иновативно семејство.

 Упатство за користење на ПОС терминали (.pdf документ)

Предности

Предности

  • Плаќање на рати- посетете некој од нашите партнери и направете си плаќање дури до 60 рати
  • Бонус поени-ова е единствена можност за добивање на поени при плаќање и користење на истите на истата мрежа
  • Станувате дел од семејството кое постојано се рекламира насекаде

Бонус поени

Бонус поени

Како активен член на нашата БОНУС програма,  овозможете им сите физички лица корисници на  кредитна картичка од Халкбанка да ја намалат својата сметка.

Со ова, овозможувате уште една поволност и привилегија која клиентите ќе ја уживаат купувајќи од Вашето продажно место, што придонесува кон зголемување на нивната лојалност кон Вашата компанија.

Бонус поените се собираат со секоја направена трансакција со Халкбанк кредитните картички во пре-дефинирани периоди на различни типови продажни места објавени од страна на Банката

Собраните поени клиентите можат да ги искористат при идни плаќања во мрежата на Пос терминали од Халкбанк.

1 бонус поен е еднаков на 1 денар.

 Користење и проверка на бонус поени (.pdf документ)


Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ
КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.