ПРАШАЊА

КОЈ ИМА ПРАВО ЗА ДА  УЧЕСТВУВА ВО НАГРАДНАТА ИГРА "Плаќај со HALKPayи освојувај награди!"?

Учество имаат сите полнолетни физички лица кои се клиенти на Халкбанк АД Скопје и се корисници на MasterCard дебитни и/или кредитни платежни картички за физички лица (MasterCard Debit Contactless; MasterCard Standard; MasterCard Contactless; MasterCard World) издадени од Халкбанк АД Скопје, кои се дигитализирани и со кои имаат  направена валидна трансакција со мобилната апликација HALKPay достапна за мобилен уред со Android оперативен систем.

КАКО МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА  "Плаќај со HALKPay и освојувај награди!"?

Со секоја валидна трансакција  направена со мобилната апликација HALKPay учествувате во наградната игра ‘’Плаќај со HALKPay и освојувај награди!’’

КОИ ТРАНСАКЦИИ СЕ ВАЛИДНИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНА ИГРА "Плаќај со HALKPay и освојувај награди!"?

Во Наградната игра се валидни трансакциите направени од страна на корисникот со мобилната апликација HalkPay достапна за мобилен уред со Android оперативен систем и активирано NFC направени на ПОС терминал што подржува бесконтактно плаќање во земјата.

КАКВА  ПОТВРДА ТРЕБА ДА ИМАМ ЗА ВАЛИДНА ТРАНСАКЦИЈА?

Како потврда за валидна трансакција со Halkpay мобилната апликација се смета слипот од ПОС терминалот, смс порака добиена за успешна трансакција или извод за направени трансакции.

КОИ СЕ ПРАВИЛАТА ЗА НАГРАДНАТА ИГРА "Плаќај со HALKPay и освојувај награди!"?

Клиентот на следниот линк може да ги прочита правилата за наградната игра   "Плаќај со HALKPay и освојувај награди!"

ДО КОГА ТРАЕ НАГРАДНАТА ИГРА  "Плаќај со HALKPay и освојувај награди!"?

Наградната игра ќе започне на 01.11.2020 и ќе трае до 28.02.2021 година.

КОЛКУ НАГРАДИ МОЖЕ ДА ОСВОИ ЕДЕН УЧЕСНИК ВО НАГРАДНАТА ИГРА  "Плаќај со HALKPay и освојувај награди!"?

Еден учесник во наградната игра има право да биде извлечен само за една награда од вкупниот број на награди во текот на  месечните извлекувања, додека сите учесници од почетокот до крајот на наградната игра, односно во целиот период на траење на наградната игра, без разлика дали освоиле награда или не, ќе учествуваат во големото извлекување и ќе имаат можност да освојат некоја од наградите од тоа извлекување.

КОГА ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ  ДОБИТНИЦИТЕ И НАЧИНОТ НА ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ ВО НАГРАДНАТА ИГРА "Плаќај со HALKPay и освојувај награди!"?

Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавувани на официјалната интернет страница на Халкбанк А.Д. Скопје, www.halkbank.mk, најдоцна во рок од три дена од денот на завршување на извлекувањата.

ДАЛИ МОЖЕ ДА ЈА КОРИСТИ HALKPayМОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА КЛИЕНТ СО IoS ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ?

Не. Мобилната апликација HalkPay е достапна за секој клиент со активна платежна картичка од брендот Mastercard, издадена од Халкбанк АД Скопје. Корисникот на платежната картичка ја презема мобилната апликација HalkPay од „GooglePlay Store“ на мобилен уред со оперативен систем „Андроид“.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.