ХАЛКБАНК А.Д.

ХАЛКБАНК А.Д. Скопје

ХАЛКБАНК е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар.

Од нашето 26-годишно постоење како финансиска институција во Македонија, еве што претставува Халкбанк АД Скопје денес:

  • Ние сме четврта најголема банка на пазарот според актива, која изнесува 768,2 милиони евра.
  • Присутни сме насекаде во земјата, нудејќи услуги на нашите клиенти преку нашата широка мрежа на филијали која вклучува 41 филијала.
  • Броиме над 530 вработени.
  • Нашата мрежа на банкомати се состои од 131 банкомат.
  • Располагаме со широка мрежа од над 6.385 ПОС-терминали достапни кај нашите трговски партнери.
  • Опслужуваме илјадници граѓани, како и мали, средни и корпоративни претпријатија и јавни институции.
  • Лидери сме во понуда на персонализирани банкарски услуги на нашите клиенти, како и во воведување на нови технологии и обезбедување на брза услуга преку високоразвиена, модерна платформа на алтернативни канали.

На нашите клиенти им нудиме широк асортиман на финансиски услуги, вклучувајќи персонално банкарство, кредитни картички, станбени кредити, потрошувачки кредити, штедење, бизнис кредити, како и платен промет во земјата и во странство.

Мисија

Нашата мисија е да создаваме вредност за нашите клиенти, акционери и вработени преку ефикасно нудење на сите банкарски услуги; да бидеме свесни за нашата корпоративна општествена одговорност и должност; да придонесуваме за развојот на банкарскиот сектор и пазарот на капитал; како и да постигнеме почитувана позиција на пазарот во регионот.

Визија

Нашата визија е да бидеме водечка банка во регионот што е способна да ги изврши сите барања на универзалното банкарство додека афирмираме силно присуство во услугите во доменот за население.

Нашите корпоративни вредности

  • Насоченост кон клиентите
  • Сигурност
  • Интегритет и почит
  • Правичност, доверба и транспарентност
  • Оперативна ефикасност
  • Иновативност
  • Создавање вредности
  • Продуктивност
  • Отвореност кон промени
  • Споделување на знаењето и искуството
  • Свесност за општествена одговорност 

ХАЛКБАНК – значење на името: Банка на луѓето

Наш слоган: Важни се луѓето


Наши главни принципи:

  • Да понудиме одлична услуга за наште клиенти, предложувајќи им ги најдобрите решенија за нивните потреби.
  • Да создаваме и да применуваме успешна корпоративна култура, давајќи му на значење на секој член од тимот кој го градиме.






ХАЛКБАНК Турција

ХАЛКБАНК Турција (Turkiye Halk Bankası A.Ş.)

Turkiye Halk Bankası A.Ş. е доминантен акционер на ХАЛКБАНК АД Скопје и поседува 99.29% од вкупниот број на акции на Банката. ХАЛКБАНК е една од најголемите банки на турскиот пазар oснована во 1938 со цел поддршка на занаетчии и трговци и забрзување на економскиот развој на земјата. ХАЛКБАНК го доживува секој занаетчија, земјоделец и сопственик на мало, средно или големо претпријатие, кој создава вредности и креира нови вработувања како свој бизнис партнер. Денес, ХАЛКБАНК претставува стабилен и почитуван бренд со 77-годишна традиција и активно учествува во прогресот на Турција. Алоцирајќи 38,8% од вкупното кредитно портфолио на Банката кон малите и средни претпријатија, ХАЛКБАНК продолжува да биде нивниот примарен поддржувач во Турција.

Заклучно со септември 2016 г, ХАЛКБАНК делува на глобално ниво и има стабилен раст, со 956 домашни и 5 надворешни филијали, 3 содружништва во странство, 3.693 банкомати, 16.843 вработени, телефонски и е-banking платформи, мобилни банкарски апликации. Процентот на акции на ХАЛКБАНК кои се во државна сопственост изнесува 51,1%. Во поглед на поврат на капитал, во рамките на секторот Банката остварува највисока стапка на поврат. 







Позиционирање и корпоративни вредности на ХАЛКБАНК:

  • Шеста најголема банка во поглед на вкупни средства,вкупни кредити и вкупни депозити,
  • Петта најразвиена мрежа на филијали и вработени, со најмалку една филијала во секој град во Турција,
  • Силна и стабилна база на депозити,
  • Ефективни алтернативни канали на дистрибуција,
  • Широко распространета база на клиенти,
  • Стабилно позиционирање во сите домени на банкарството употребувајќи успешни банкарски практики,
  • Силна капитализација,
  • Национален и интернационален кредибилитет,
  • Лидер во банкарски услуги за мали и средни претпријатија,
  • Долготрајна традиција,
  • Препознатлив и почитуван бренд,
  • Широк спектар на специјално дизајнирани производи.

www.halkbank.com.tr

Историја

Кодекс

Кодекс за корпоративно управување

Кодекс за корпоративно управување на Халкбанк АД, Скопје. (.pdf формат)

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.