30.01.2015

Халкбанк подарува љубов на оние кои им е најпотребна

Неизбежен аспект во работењето на Халкбанк претставува општествената, социјална одговорност на нашата банка. Веќе подолги години, Халкбанк ја дава својата поддршка на најмалите – дечиња во Домовите за деца без родители.

Нашата последна посета беше организирана во три групи, вклучувајќи го нашиот Главен Извршен Директор, Извршните и Секторските Директори на банката кои во еден ден посетија три од Домовите во Скопје и околината.

На дечињата овој пат им подаривме пакетче со храна, на кои тие неизмерно се израдуваа. Сепак, она што најмногу ги израдува беше фактот дека една голема банка како Халкбанк, се грижи и мисли на нив.

На менаџментот и сите вработени им е особено драго што успеаја уште еднаш преку оваа хуманитарна акција да стопат дел од детските срца.

Copyright 2018 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.