Карактеристики

Карактеристики

Mastercard Standard кредитните картички даваат можност за користење на расположливите средства од вашиот револвинг кредитен лимит и пристап до истите 24/7.

Наменета е за безготовински плаќања на трговската мрежа и подигање на готовина од банка или банкомат. Картичката е меѓународна, поддржува интернет плаќања без провизија за транакции на домашни и странски интернет страни и за истите добивате е-маил известување за секоја направена трансакција.

Картичките издадени од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code)

Можете веднаш да аплицирате за кредитна картичка во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк А.Д. Скопје преку следнава Апликација.

За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо Ве молиме пополнете и испратете ја апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје или  доставете ни ја на емаил: help24@halkbank.mk

За сите заинтересирани, можете веднаш да аплицирате преку достава на Апликација во најблиската филијала/експозитура или преку онлине апликацијата.

Предности

Предности

  • Плаќање  на минимален долг од 5%.
  • Плаќање до 60 рати без камата кај над 800 партнери на Банката.
  • Можности за купување со попуст кај одредени партнери на Халкбанк А.Д. Скопје.
  • Картичките издадени од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

За сите заинтересирани, можете веднаш да аплицирате преку достава на Апликација во најблиската филијала/експозитура или преку онлине апликацијата.

Провизии

Провизии

Каматна стапка 11,25%
Надомест за изработка на основна картичка 100,00 мкд
Надомест за изработка на дополнителна картичка 100,00 мкд
Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка 100,00 мкд
Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка пред истек на рокот (уништена/изгубена) 300,00 мкд
Надомест за итна изработка на картичка  600,00 мкд
Надомест за неоснована рекламација  600,00 мкд
Подигање готовина на банкомати на Халк Банка 2,50 % мин 150,00 мкд
Подигање готовина на банкомати на други банки 3,0% мин. 200,00 мкд
Подигање готовина на шалтерите на Банката 3,0% мин. 200,00 мкд
Подигање готовина на шалтерите на други банки 3,0% мин. 200,00 мкд
Годишна членарина на основна картичка Бесплатна за првата година,1.200,00 мкд за наредните години
Годишна членарина на дополнителна картичка Бесплатна за првата година,600,00 мкд  за втората година
 
Скалеста Членарина  
- За направен годишен промет од мин 90.000,00 мкд Без членарина
- За направен годишен промет од мин 60.000,00 мкд 600,00  мкд
- За направен промет од мин 30.000,00 мкд 800,00  мкд
Надомест за издавање на фактура Без надомест
Надомест за опомена 100,00 мкд
Блокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24, емаил или писмено Без надомест
Деблокирање на картичка по барање на клиент преку хелп24, емаил или писмено 200,00 мкд 
Зголемување на кредитен лимит 300,00 мкд
Сетирање на пин Без надомест
Промена на пин на шалтер 50,00 мкд
Износ на кредитен лимит Врз основа на кредитни политики

Прашања

Најчесто поставувани прашања

Како можете да аплицирате за кредитна картичка?

Потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје  каде ќе мора да се процени вашата кредитоспособност и ќе можете да ја подигнете потребната документација за аплицирање или преку онлине апликацијата.

Потребна документација?

  • Апликација за кредитна картичка пополнета од корисникот и од работодавачот
  • Извод од сметка за последни три месеци
  • Копија од лична карта
  • За приватни институции дополнително потребно е: М1/М2 образец заверен од работодавачот
  • Како можете да плаќате долг по кредитна картичка (автоматски)?

    Доколку сте примател на плата преку Халкбанк АД можете да потпишете траен налог со кој автоматски секој месец ќе ви се одземаат средства од Вашата сметка за подмирување на долгот по кредитната картичка со што заштедувате време.

    Кoлку долго трае процедурата за издавање на нова картичка?

    Кога ќе се одобри барањето процедурата одзема  2 работни дена  за картичката да биде доставена  до филијалата за која корисникот се одлучил да ја подигне, и за истото ќе биде известени преку СМС.

    Како може да добијам фактура за кредитната картичка преку e-mail?

    Потребно е само да ги известите колегите во филијалата/експозитурата за mail адресата на која сакате да добивате фактури за да се ажурира податокот и да се достави фактура секој месец на наведената адреса.

    Важност на картичката ?

    Валидноста на картичката е 3 години со можност за реиздавање.

    Аплицирај

    Биди информиран за

    ПОТРОШУВАЧКИ
    КРЕДИТИ

    Кажи ја Твојата потреба!

    Биди информиран за

    ДЕТСКО
    ШТЕДЕЊЕ

    Штеди за твоите деца

    Оди на

    Е-банкарство

    Прави Банкарски трансакции
    од секаде!

    Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.