Карактеристики

Настојувајќи да се обезбеди висок квалитет на сервисот на Е-банкарство, и да се биде во чекор со модерните трендови, Халкбанк АД Ви нуди огромни поволности во тој дел.

Генерално, сервисот нуди многу повеќе информации за разлика од она што би го добиле доколку посетите банка и тоа на многу едноставен и брз начин. Вашето е-банкарство дозволува  вршење трансакции од било каде. 

Предности

 Уживајте во поволностите на Електронското банкарство и  менаџирајте најлесно со Вашите сметки

  • Можност за проверка на состојбите на Вашите сметки, кредитни картички, депозити, кредити 
  • Изводи од Вашите сметки 
  • Дневни трансакции
  • Реализирани трансакции за одреден период
  • Сите типови на плаќања - денарски, девизни како и креирање на шаблони 
  • Сите останати работи кои би ги направиле во Банка

Најчесто поставувани прашања

Како може да аплицирам за е-банкарство за правни лица?

Потребно е да ја посетите најблиската филијала на Халкбанк и да аплицирате за електронско банкарство за правни лица, преку пополнување на формулар. Се доставува посебен формулар со потребните привилегии за секоја сметка и за секоја фирма за кои е потребен пристап. Формуларот е достапен и на веб страната на Халкбанк АД Скопје, на следниот линк

https://ibanking.halkbank.mk/Corporate/iBanking/Manuals/Baranje_za_elektronsko_pravni.pdf

од каде можете да го превземете и пополните, а потоа да го доставите лично во најблиската филијала. Доколку Вие не сте овластено лице во фирмата, потребно е да обезбедите полномошно од овластено лице.  По аплицирањето во филијала и потпишување на договор, ќе Ви биде изработен токен со соодветен ПИН код во текот на неколку работни дена. Подетално упатство се наоѓа на следниов линк

https://ibanking.halkbank.mk/Corporate/iBanking/Manuals/Korisnicko%20upatstvo-Corporate.pdf

Колку изнесува надоместокот за користење на електронско банкарство за правни лица?

Користењето на услугата електронско банкарство за правни лица подразбира изработка на токен кој чини 1500 МКД со време на важност од 3 години. Доколку поседувате токен издаден од овластен издавач на сертификати (КИБС или Телеком) неговото поврзување е бесплатно.

Каква документација е потребна?

Барање за користење на електронско банкарство за правни лица.

Договор за користење на  електронско банкарство за правни лица.

Потврда за примопредавање на токен.

Дали е потребен токен?

Да. За користење на сервисот  електронско банкарство за правни лица потребен е токен, без разлика на типот на привилегии (увид, креирање на налози. потпишување на налози ...).

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ
КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.