За националната економија

Банкарскиот сектор претставува столб на економијата на секоја земја и затоа е од исклучителна важност тој да биде стабилен и добро капитализиран. Македонскиот банкарски сектор е добро капитализиран, а здравата солвентност, позицијата и тенденцијата за зголемување на профитабилноста, водат до стимулирање на кредитната понуда. Кредитната активност на домашните банки е важен фактор за поддршка на потрошувачките и инвестициските одлуки на приватниот сектор.

Халкбанк со перформансите кои ги остварува секоја година, како и со своите кредитни активности насочени кон населението и корпоративниот сектор, дава силна поддршка на банкарскиот и финансискиот сектор, но истовремено и на економијата на Република Северна Македонија. Банката постојано настојува да креира производи по мерка на корисниците, а особено внимание се посветува на создавањето нови производи и услуги, како за корпоративниот сектор, така и за населението, кои ѝ овозможуваат на банката остварување на таргетите за раст преку задржување на одржливо ниво на профитабилност. Притоа, во фокусот на кредитните активности се малите и средни претпријатија како сегмент кој има огромен придонес во развојот на економијата на секоја земја.

Халкбанк и во 2019 година продолжи со темпото од 2018 во која оствари профит од 10,7 милиони евра. Во 2019, профитот изнесуваше 11.4 милиони евра, остварен е пораст на активата за повеќе од 10 отсто, зголемено е пазарното учество во кредитирањето, а истата растечка тенденција е регистрирана и во делот на депозити. Халкбанк е четврта најголема банка на пазарот според активата од 935 милиони евра и четврта банка по големина на профит.

Халкбанк во 2019 година беше првата банка која директно инвестираше во осигурителниот бизнис и стана стопроцентен сопственик на Халк Осигурување.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.