Корпоративно управување

Доброто корпоративно управување придонесува за одржлив економски развој, подобрување на деловните резултати, оперативна ефикасност, намалување на трошоците, зголемување на вредноста на средствата и подобра репутација на компанијата. Сите овие сегменти се круцијални за успешно работење на еден стопански субјект, вклучително и на банка.

Токму затоа, Халкбанк спроведува практики за корпоративно управување  ориентирани кон одржливост бидејќи тоа овозможува натамошен напредок. Корпоративното управување помага да спроведуваме стратегија за одржливост на бизнисот, да управуваме со процесите на поставување цели и известување, да ги зајакнуваме односите со надворешните засегнати страни и да обезбедуваме целосна одговорност.

Ваквите практики се базираат на нашата силна грижа за иднината што нé поттикнува да бидеме општествено одговорни и иновативни, бидејќи токму овие работи обезбедуваат одржливост. Во нашето работење клучни се неколку аспекти: финансиски резултати, организациска култура, општествено влијание и влијание врз животната средина.

Стратешка цел на банката од почеток на функционирање на македонскиот пазар беше станување една од водечките банки во секторот со остварување стабилен раст, општествено-дговорно работење и високо ниво на профитабилност. Зацртаните цели перманентно ги остваруваме и како најбрзорастечка банка за релативно кус период успеавме да станеме четврта најголема банка во земјава и една од системски важните банки. Притоа, со оглед дека живееме во време кога дигитализацијата зема сè поголем замав и има директни импликации во сите сфери на економијата, настојуваме да ги следиме овие трендови и сме вистински промотор на технолошки промени. Технолошкиот развој имплицира нова конкуренција за банкарскиот сектор и потенцијално канализирање на крајните корисници кон нови посредници во извршувањето на трансакциите и порамнувањата, од каде што се очекува и поголема ефикасност и намалување на трошоците.

За нас, 2019 година ќе остане запаметена и како година во која го направивме првиот чекор во насока на создавање институција која во иднина ќе стане препознатлива како финансиски супермаркет.

Халкбанк има воспоставено систем на функционирање во кој доаѓа до израз мотото на банката – Важни се луѓето. За нас приоритет се задоволни клиенти и задоволни акционери. А сето тоа не е можно без добро обучени вработени, што се постигнува со организирање внатрешни обуки за подобрување на работењето. Банката е препознатлива и по својата општествена одговорност давајќи постојана поддршка на проекти кои придонесуваат за развој на заедницата, со посебен акцент врз поттикнувањето здрави животни навики и заштита на животната средина.

Имаме за цел да сме таму каде што е растот, овозможувајќи им на деловните субјекти и економијата да напредуваат и истовремено да помагаме на луѓето да ги исполнат своите надежи и да ги реализираат своите амбиции. Градење силни односи со заинтересираните страни помага да ја испорачаме нашата стратегија во согласност со долгорочните вредности и управување со бизнисот на одржлив начин.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.