27.03.2015

Халкбанк го дава својот придонес за спас на планетата!

Неминовно важен аспект во работата на Халкбанк е еколошката свест за зачувување и подобрување на условите за живот за секој од нас.

На 28.03.2015 година, сабота, Халкбанк го одбележува “Часот на планетата Земја”. Оваа светска акција има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да испрати порака за спас на планетата. Акцијата е поддржана од сите 409 Халкбанк вработени.

Во сабота, во 20:30 часот – по локално време осветлувањето ќе го исклучат голем број домаќинства и компании во над 8.000 градови низ 162 држави ширум светот.
Ве повикуваме и Вам да се приклучите кон акцијата и заедно да креираме подобра еко иднина.

Ваша,
Халкбанк АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.