Карактеристики

Доколку сакате вашиот влог да расте сигурно и стабилно орочете ги вашите средства и искористете ги поволните услови за штедење.

  • Минимален износ на вложување : 3.000 МКД /50 ЕУР
  • Начин на исплата на камата: на крај на период на орочување или месечно
  • Тип на каматна стапка: променлива
    • Каматната стапка на денарските депозити се пресметува како разлика од референтната стапка за пресметување на стапка на казнена камата на НБРМ намалена за:
      • 0,75 п.п. за депозити со исплата на камата на крајот на периодот на орочување
      • 0,85 п.п. за депозити со месечна исплата на камата

Информациите за висината на референтна каматна стапка за пресметување на стапката на казнена камата е јавно достапна за договорните страни на официјалната адреса на НБРМ. Банката ќе врши периодично утврдување на висината на варијабилната каматна стапка и тоа на секои 6 месеци. 6 месечниот период е 01.01 и 01.07 за тековната година , со примена на камата стапка која важи на првиот ден од почетокот на 6 месечниот период. Доколку тој ден е неработен се применува каматната стапка од првиот работен ден.

  • Каматната стапка на девизните ЕУР депозити се пресметува како збир од 6 месечен ЕУРИБОР зголемен за
    • 1,20 п.п. за депозити со исплата на камата на крајот на периодот на орочување
    • 1,10 п.п. за депозити со месечна исплата на камата

Информациите за висината на стапката на 6 месечен ЕУРИБОР е јавно објавена и достапна за договорните страни на официјалната адреса на Европската Централна Банка. Банката ќе врши периодично утврдување на висината на варијабилната каматна стапка и тоа на секои 01.01 и 01.07 од секоја година. На 01.01 од секоја година, Банката ќе врши утврдување на висината на варијабилната каматната стапка како збир од која била важечката стапка на 6 месечен ЕУРИБОР на 01.12 од претходната година. На 01.07 од секоја година, Банката ќе врши утврдување на висината на варијабилната каматната стапка како збир од која била важечката стапка на 6 месечен ЕУРИБОР на 01.06 од тековната година. Доколку 01.06 и 01.12 е неработен ден, ќе се применува стапката на ЕУРИБОР која е котирана на првиот работен ден од месеците Јуни и Декември секоја година. Доколку каматната стапка на 6 месечен ЕУРИБОР е со негативен предзнак се смета за нула. При склучување на договори во период од 01.01 до 30.06 ќе се користи 6 месечниот ЕУРИБОР од 01.12 минатата година, а за договори склучени во период од 01.07 до 31.12 ќе се користи 6 месечниот ЕУРИБОР од 01.06 тековната година. .

Доколку сѐ уште немате трансакциска сметка посетете ја најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје и бидете дел од нашето семејство.

За дополнителни информации контактирајте не на:

мејл адреса: deposits@halkbank.mk


Каматни стапки за депозит со исплата на камата на денот на доспевање

Рок на депозитот  Годишни каматни стапки
МКД ЕУР
36 месеци 2,50% 1,20%

НОМИНАЛНИ ГОДИШНИ КАМАТНИ СТАПКИ ОД 01.07.2017 ГОДИНА

Каматни стапки за депозит со месечна исплата на камата

Рок на депозитот  Годишни каматни стапки
МКД ЕУР
36 месеци 2,40% 1,10%

Бидете информирани за

КРЕДИТ СО ДЕПОЗИТ

Земи
Кредит со депозит

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.