Карактеристики

Документите испратени на инкасо (наплата) е добар инструмент за извозниците особено за поморски транспорт земајќи ги предвид карактеристиките на Коносманот – Бродски товарен лист.

Улогата на Банката како неутрален посредник е во примената на условот документите да се ослободат само по направено плаќање. Бидејќи на купувачот му се потребни комерцијалните документи за да ја подигне стоката и стане нејзин сопственик, а продавачот не сака да му ги предаде пред да се направи плаќањето, Банката како посредник ја превзема обврската да се придржува на инструкциите добиени од продавачот во поглед на тоа како и кога да му се ослободат и предадат документите на купувачот.

Документите на инкасо значат купување на документите презентирани со посредство на Банката, од страна на увозникот, што овозможува брзо и ефикасно следење и плаќање на веќе извршениот извоз/увоз на стоката со симултано превземање на потребните документи за натамошно ракување со стоката. Банката како посредник овозможува усогласување на плаќањето и примањето на документите.

За целите на регулативата и усогласеност на ракувањето со документите Меѓународната Трговска комора ја издаде Публикацијата бр. 522, Унифицирани правила за документите на инкасо (URC 522).

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.