19.07.2017

Веќе не е битно дали имаш ситно

Почитувани Клиенти,

Со задоволство Ве информираме дека Халкбанк АД Скопје во соработка со ЈПДП ( Јавното Претпријатие за Државни Патишта)  им овозможува на сите патници низ патиштата во Р.Македонија брз и лесен начин за  плаќањето на патарините со користење на нивните платежни картички.

Сите иматели на дебитни или кредитни картички од брендот на Мастеркард или Виза, од било која банка во Македонија или странство, можат да ги користат своите картички за брзо и лесно плаќање на патарините низ Македонија, и тоа без внесување на пин.

Оваа карактеристика дополнително го олеснува процесот на плаќање каде се што ви е потребно е да ја носите со себе Вашата дебитна или кредитна картичка.

Веќе не е битно дали имате ситно!

Затоа што секое патување треба да е уживање , а Халкбанк ви го овозможува тоа!

Со почит,
Халкбанк АД  Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.